Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 35116

Зошто вреди да се чека дивата девојка?

$
0
0

„Ако е прекрасна, нема да биде лесна. Ако е лесна, нема да биде прекрасна. Ако вреди, нема да се откажеш. Ако се откажеш, ти не вредиш.“  – Боб Марли.

Твојата дива девојка – вреди.

Таа ќе го запали твојот свет, ако си доволно храбар да и го допуштиш тоа.

Таа ќе те маѓепса, ќе те исполни и ќе те предизвика. Таа сака да ја запознаеш, за да можеш да ја сакаш, со доблести, со мани, со се.

Таа сака да сфатиш дека твоите ценети ѕидови од магнолија не можат да ја задржат внатре, не за долго. Твоите скапи тавани никогаш нема да бидат доволно високи, ниту доволно одушевувачки за да би пропуштила поглед на нејзиното сакано и прекрасно небо. Твојот дом е прекрасен затвор, но ќе ја уништи.

Нејзиниот дух се движи низ затворената соба како заробена тигрица, која мрдајќи бесно со опашот, се труди да избега. Таа сака да трча слободно. Покажи и ливада полна со бои, ливада во којашто ќе може да танцува помеѓу сончогледите. Дозволи и да шета надвор без модерни додатоци или уреди кои би ја оттргнале од нејзината креативност. Остави ја само со ридовите и ветрот. Лежи со неа на ладната трева, со испреплетени прсти и гледај како ѕвездите горат распослани на темното, полноќно небо.

Немој да ја тераш да седи со тебе и да си играте среќно семејство. Нејзе навистина не и грижа дали ќе го купиш црниот или бел тостер или дали соседите имаат поголем автомобил. Таа не е заинтересирана да трча по уште некој дополнителен денар, само за да оди на некој скап одмор во некој резорт или да присуствува на бесцелно трачарење. Остави ја да сонува за тесни патеки, кои сјаат етерично под нежната светлина на сонцето кое изгрева. Однеси ја некаде каде што ќе може да ја слуша песната на птиците кои се будат, затоа што тоа е единствениот разговор којшто и е потребен.

Таа не ги пегла чаршавите. Таа не пегла ништо. Таа е презафатена стуткана на каучот, читајќи книга, обземена од светкавиот нов свет кој чека да биде истражен. Таа скока од нејзиниот кревет кон нејзината нова авантура, со бушава коса и очи полни со сјај. Луѓето и велат дека изгледа прекрасно во нејзините изгужвани алишта и чизми до колена. Страста е секогаш прекрасна. Препознај ја. Сакај ја. Не секој е благословен со неа и не е нешто што можеш предолго да го глумиш.

Таа можеби нема да ти готви гурмански ручеци, но таа сака храна и обожава да те храни. Остави ја. Таа нема да следи некој рецепт. Таа ќе и верува на својата фантазија, употребувајќи прекрасни бои и мириси кои и се привлечни. Остави ја да те гушне со нејзините мали, силни раце, да те извалка со брашно и да прсне малку магија во твојот живот. Таа ќе те бакне со уста која е полна со зачини, оставајќи те гладен за уште. Таа никогаш нема да дозволи твоите усни да гладуваат за неа.

Таа нема да плете за тебе. Таа е млада и неуморна и нејзиното време е прескапоцено за да го троши залудно. Нејзините раце имаат поважни работи кои треба да бидат истражувани. На пример, твоето лице. Нејзините прсти со љубов го запаметуваат секој детал од твоето лице. Таа го запаметува начинот на кој се згрчуваш кога ќе ја допре твојата клучна коска и како ја чувствува сламата под своите прсти. Тоа ја задоволува многу повеќе од која било топка за плетење.

Остави да дише твојата дива девојка. Таа ќе остане само ако чувствува дека треба. Твоите раце не можат да ја задржат со тоа што ќе ја држат премногу цврсто. Покажи и ги твоите фантазии и можеби ќе ја инспирираш. Таа ќе ти каже приказна за тоа што сака да прави со тебе. Тогаш треба да престанеш да збориш и да ја слушаш.

Нејзините зборови се магии кои внесуваат мистерија во твојот живот, а нејзините визии никогаш нема да те напуштат, дури и кога се трудиш да ги заборавиш. Во годините кои доаѓаат, ќе ја посакуваш моќта на нејзините соништа и другите ќе бидат бледа сенка во споредба со нејзиниот интензитет.

Таа мора сега да избега, ѕвездите ја повикуваат и нејзината душа е подготвена за уште една авантура. Таа не може да биде скротена. Љуби ја ако сакаш или пушти ја да си оди. Таа не сака ништо на половина.

Таа е хаос, таа е слобода. Таа сака да и се придружиш ако можеш. Знаеш каде можеш да ја најдеш. Си ја видел претходно таму.

Таа ќе те чека, како и секогаш, онаму каде што дивите работи постојат.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 35116

Latest Images

Trending Articles

<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>