Чашите во хотели или кафулиња се до таа мера валкани, што можат да доведат до пренесување на разни болести, покажа едно ново истражување.
За работите да бидат уште полоши, некои угостители своите чаши воопшто не ги мијат после употребата, туку само ги плакнат под млаз вода.
Некои од вас можеби родителите ги учеле дека не треба да пијат од чаша во „сомнителни“ кафулиња и ресторани, туку дека е подобро нарачаниот пијалок да го конзумирате директно од шише. Можеби тоа не е по бонтон, но барем нема да ризикувате да добиете некоја инфекција од силните бактерии.
Иако цврсто верувавме дека со развојот на машини за миење садови состојбата се променила, новото истражување покажува дека миењето на чаши не е приоритет дури ни во угледните хотели.
Истражувањето го спровела телевизиската куќа ABC News и според нивните податоци од 15 хотели во Америка, во дури 11, чашите воопшто не се мијат после употребата.
Во превод, ако покрај креветот ве пречека „чиста“ чаша за вода, голема е веројатноста дека од неа веќе пиел претходниот гостин и дека после тоа вработените само ја исплакнале со студена вода. Згора на тоа, се случува персоналот воопшто и да не ги замени чашите или само да ги пребрише со крпа.
Но, работите не стојат многу подобро ниту во кафулињата, рестораните или кафаните. Затоа, најдобар совет е пијалокот да го пиете директно од шишето, а доколку сте во хотел – чашата убаво измијте ја сами.