Навистина е тешко да се продолжи понатаму без личноста која ја сакаме или со која сме мислеле дека останеме засекогаш. Иако тие времиња се тешки, сепак не се безизлезни.
Ова се нешта на кои треба да се сетите.
Веќе продолжувате без нив.
Иако не е огромна утеха, сепак треба да знаете дека веќе живеете без нив. Станувате наутро, ги гледате своите пријатели и се справувате со своите обврски и одговорности. Малите чекори се многу важни за да продолжите понатаму и не очекувајте дека нештата ќе се сменат преку ноќ.
Заслужувате подобро.
Иако мислите дека тие се личноста без која не можете бидејќи се најдобриот избор за вас, треба да знаете дека се лажете. Заслужувате личност која нема да ве остави без збор и која ќе биде со вас во добро и лошо. Не очајувајте само поради тоа што сте оставени. Тоа е егото, а не вашето срце кое ја бара личноста назад.
Ништо не е погрешно со вас.
По раскинувањето на врската, многу луѓе се прашуваат што не е во ред со нив или пак очајуваат дека направиле нешто лошо. Не е ништо погрешно со вас, вие сте прекрасна личност и доколку сакате да бидете подобра личност, направете го тоа за себе, а не поради друга емотивно недостапна личност која направила да се сомневате во себеси.
Во ред е да сте тажни и во ред е да плачете.
Доколку сте тажни, не е во ред да ја потиснувате тагата во себе и да се преправате дека ништо не се случило. Тоа е како што е, исплачете се и бидете тажни, а потоа станете и продолжете понатаму. Ве очекуваат уште многу убави, но и неубави искуства. Животот е таков. Живејте го.
Со тек на време, веќе нема да ви недостасуваат.
Кога ќе заврши врската, во лошите времиња сите ние мислиме дека таквата болка ќе трае вечно, но не е така. Со тек на време, веќе нема да ги сакате, нема да мислите дека тие се најдоброто нешто што ви се случило и нема да ви недостасуваат. Како што кажавме и претходно, за некои нешта потребно е време, а вие сте храбра личност која ќе го надмине сето тоа.