Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34816

Трикови за совршен Инстаграм профил

$
0
0

Инстаграм е омилената социјална мрежа на оние кои ја сакаат фотографијата и ја преферираат повеќе од зборовите и хаосот кој ни го нуди Фејсбук. Тајната на Инстаграм се крие во едноставноста и совршениот збир на фотографии кои често ни го одземаат здивот.

Но, како да постигнеме совршен Инстаграм профил?

Сликајте во природна светлина

Светлото е најважен дел од секоја фотографија и затоа потрудете се секогаш да сликате на дневна светлина,  што ќе ја направи вашата фотографија посветла и ќе создаде совршена основа за употребата на филтрите на Инстаграм, но и другите апликации за уредување на сликите.

Користете го истиот филтер

Доколку сакате фотографиите да изгледаат убаво на вашиот Инстаграм, би било одлично доколку користите ист филтер за секоја од нив. Само изберете ваш фаворит и држете се до него.

Сечете ги сликите на ист начин

Без оглед на тоа дали ќе ја користите истата форма која ја нуди Инстаграм или пак ќе користите друга апликација, користењето на истата форма ќе го направи вашиот профил многу подобар.

Проверете како се вклопува вашата фотографија меѓу останатите ваши фотографии

Откако ќе ја постирате сликата, видете како таа се вклопува меѓу останатите фотографии кои ги имате постирано и дали така ќе поттикнете некој да ве заследи и да му се допадне вашиот профил.

Постирајте различни фотографии

Освен доколку не го користите вашиот профил за конкретна цел или намена, обидете се да воведете различност. Не постирајте само храна или пак селфи фотографии, туку потрудете се да постирате различни нешта и весели фотографии кои ќе го фатат окото на луѓето кои  се љубители на оваа апликација како и вие.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34816

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>