Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34836

3 работи кои ги разбираат само девојките кои не сакаат „нормална врска“

$
0
0

Што е нормално во тие „нормални“ врски? Тоа да се навикнете еден на друг, да се карате, да се изневерувате, да се земате себеси здраво за готово, за да правите силни компромиси за да останете заедно, да смислувате нови нешта како да го зачините вашиот сексуален живот , а потоа да стапите во брак уморни и изнервирани и веќе здосадени од сите тие нормални работи. Жените кои не сакаат нормална врска воопшто не можат да издржат во неа и за нив партнерството е како затвор. Тие сакаат нешто друго.

Сакаат привилегија никогаш да не бидат излажани.

Нормалните врски бараат премолчувања и лаги. Немојте, немојте да речете дека тоа не е вистина. Партнерите никогаш не кажуваат сè што сакаат да кажат, од повеќе причини. Во рамки на меѓусебните односи често лажеме, а во врските пак највеќе. Можеме таквите лаги да ги наречеме тактичност, но тоа и понатаму е лажење. Жените кои не ги сакаат нормалните и секојдневни врски не го сакаат лажењето во нив, кое доаѓа од двете страни и не сакаат да бидат ставени во ситуација ниту да бидат излажани, ниту пак да лажат. Според нив, односите треба да се базираат на пријателство и искреност, без стравот да се биде повреден или пак да се повреди другата страна.

Сакаат партнер кој пред сè им е пријател.

Пријателите не поставуваат прашања на коишто не се подготвени да ги слушнат одговорите, особено оние кои нема да им се допаднат. Дури и да се случи тоа, пријателите не прашуваат за своето место и интересот, туку се трудат да преземат нешто во име на пријателството. 

Пријателите нудат поддршка и кога не се согласуваат со одлуките на својот пријател. Тие не бараат докази дека се сакани и докази за верноста, туку ним им е важно да бидете среќни. Пријателот не очекува секогаш да сте расположени и достапни за дружење и ви го дава мирот кој ви е потребен. Тој има доверба во вашиот разум и вашите чувства. Тој не повторува стари нешта од минатото и не ги чува проблемите „под тепих“. 

Слобода, слобода, слобода!

Слободата во врската е многу важна. Љубомората, посесивноста и стравот да не го изгубиме партнерот, како и склоноста постојано да правиме компромиси за да успее врската се чести карактеристики на голем број од врските. Да се биде слободен во врската не значи дека немате никаква одговорност пред партнерот, или пак дека можете да правите што сакате. 

Слободата значи мир, значи хармонија и значи способност да ја процениме сопствената сила, граници и можности без да ја повредиме другата личност. Таа значи и повлекување во одредена ситуација кога сакаме да бидеме сами, но и огромна љубов кога ќе се вратиме. 

Слободата не е за оние кои постојано се плашат и се несигурни. Слободниот човек нема што и кого да изгуби, бидејќи никој и ништо не му припаѓа. 


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34836

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>