Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34776

Еко-караван со подвижна лабораторија за учениците во Аеродром

$
0
0

Основното училиште од Општина Аердором, поточно од населбата Реонски Центар, „Александар Македонски“ организираше еколошки час на тема климатски промени. Часот го организираше Министерството животна средина и УНДП по повод 5-ти јуни, Светскиот ден на животнта средина. Часот се реализираше со помош на таканаречената подвижна лабораторија која е опремена со потребните инструменти за на учениците да им бидат презентирани материјали поврзани со климатските промени, затоплувањето и последиците од истото.

Преку ова на учениците ќе им биде полесно да си создадат претстава за процесите кои се одвиваат во природата, промените на климата и да дознаат повеќе за водата, воздухот и почвата. Целта на Еко-караванот е да се подигне свеста и да се едуцираат најмладите за важноста на чистата и здрава животна средина; да се поттикнат најмладите на позитивно однесување во врска со зачувување на просторот кој не опкружува.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34776

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>