Министерот за внатрешни работи Митко Чавков подели нови решенија за распоредување на вкупно 228 полициски службеници од последните две генерации полицајци, кои досега беа распоредени на работни места на подрачјето на СВР Скопје, односно надвор од нивното место на живеење.
„Овие полициски службеници ќе имаат можност во иднина своето знаење и стекнато искуство да го применат на своите нови работни позиции лоцирани во нивното реално место на живеење“, се вели во соопштението од МВР.
Понатаму се додава дека овие решенија се донесени согласно основните приоритети утврдени во Стратегијата за управување со човечките ресурси во Министерството за внатрешни работи, а со цел зајакнување на персоналните капацитети во регионалните Сектори за внатрешни работи, како и со цел запазување на економско-социјалниот аспект од живеењето на посочените полицајци.