Општина Зелениково го објави вториот оглас, во кој бара инвеститор за изградба на голф-терени на територијата на оваа општина. Откако првиот обид да се најде партнер за јавно-приватна изградба, оперирање, управување и одржување на спортско рекреативен центар, општината не се откажува од планот за изградба на луксузен комплекс со голф-терени. Концесионерот ќе го добие просторот предвиден за оваа намена на период од 30 години. Според општината, вредноста на земјиштето изнесува 70. 226. 864 денари.
Три критериуми ќе бидат пресудни при одлучувањето. Годишниот надомест за концесијата, бројот на потенцијални вработувања, како и бројот на легла во сместувачките капацитети кои ќе бидат изградени. Понудите од инвеститорите Општина Зелениково ги очекува најдоцна до 30-ти јуни.