Дрвена кошница со цветен аранжман ќе ја краси средината на кружниот тек што се гради во населбата Автокоманда кон железарницата, најави директорот на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, Душан Авировиќ.
Тој објасни дека од кошницата ќе се протегаат осум краци колку што има македонското знаме, а краците ќе завршуваат со пупки што ќе симболизираат нов живот.
Kошницата е веќе готова и се прават последните технички подготовки, а аранжманот би требало да биде поставен в четврток.