Во Скопје денеска ќе биде умерено облачно и нестабилно со услови за локални врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Утринската температура од 13 степени, додека пак максималната дневна до 24 степени.
Во наредните денови стабилизација на времето. Македонија ќе биде под влијание на поле на висок воздушен притисок и јужно воздушно струење кое ќе услови сончеви и многу топло време со пораст на температурите кои ќе бидат и за 10 степени повисоки од просечните за овој период од годината.
Во среда максимални температури од 24 до 34 степени, а во четврток од 29 до 39 степени. Во петок и сабота тропски денови со температури кои секаде ќе надминат 30-тиот степен, во петок од 30 до 40 степени, а во сабота од 31 до 41 степен. Ув индексот ќе има вредност 10.