Откако пропадна најавата за изградба на нова Универзална сала во Скопје според идејното решение на архитектонското студио „Стоун дизајн“, кое предвидуваше необично здание со јајцевидна форма, реактивирани се старите планови за реконструкција и проширување на постоечкиот објект.
Според последните информации Универзалната сала треба да се модернизира, гледалиштето да добие 200 седишта повеќе, влезот и фоајето да се прошират, да се изведат гардероби за публиката, надворешна застаклена галерија на две нивоа околу целиот објект со угостителски простор, како и комерцијални содржини кои ќе ѝ помогнат на културната установа да се издржува со самофинансирање.