Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 35116

47 километарски автопат ќе го поврзува Скопје и Источна Македонија

$
0
0

Целосно е пробиена трасата за новиот автопат кој во моментов се гради од скопското предградие Миладиновци до Штип. Екипата која врши надзор на градежните работи соопшти дека трасата е пробиена, а за таа цел биле вршени голем број минирања, екипите морале да се справат со свлечишта и подземни води и ископи.

Во моментов се работи на мостовите и вијадуктите, а огромните бетонски столбови кои ќе го носат автопатот се веќе поставени. Првиот вијадукт се наоѓа веќе на вториот километар од Скопје кон Штип. На него, се поставува првиот слој песок врз кој ќе сеп остави асфалт. Се прави и мостот над реката Пчиња, кој е долг повеќе од 200 метри.

Првиот дел од автопатот го гради македонската компанија „Бетон“, додека од 17 километар работите ги извршува кинеската компанија „Синхидро“, за на последните 20 километри повторно да работи македонската компанија „Гранит“.

Автопатот се очекува да биде готов кон почетокот на летото, наредната година. Придобивките од истиот се огромни. Тој ќе ја спојува Источна и Југо-источна Македонија со главниот град, од што покрај граѓаните, огромни придобивки ќе има и бизнис секторот. Во моментов тој е еден од трите автопати кои се градат. Вложувањето во инфраструктура од ваков вид е проверено исплатливо, ако се земе примерот на Хрватска и Албанија.

Фотографиите се превземени од „Телеграф.мк“


Viewing all articles
Browse latest Browse all 35116

Latest Images

Trending Articles

<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>