Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34966

Пристигнува афричкиот бран: Жешко време и високи температури

$
0
0

Во Македонија денес ќе биде под влијание на поле на висок воздушен притисок чиј центар се наоѓа во Медитеранот. Овој антициклон ќе ни услови претежно сончево со појава на локална облачност, потопло но и ветровито. Ќе дува доумерен засилен југозападен кој понекаде ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури од 7 до 15 степени, додека пак максималните температури ќе се движат во интервал од 19 до 32 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје претежно сончево со појава на локална облачност и ветровито. Ќе дува доумерен југозападен ветер. Утринската температура од 12 степени, а максималната дневна ќе достигне до 29 степени. УВ индекс 8.

Во Македонија во четврток ќе биде сончево и потопло со пораст на дневните температури кои ќе достигнат до 26 односно до 39 степени. Во петок претежно сончево со појава на локална облачност и температура од 28 до 41 степен. Во сабота сончево и топло со дневни температури кои ќе се движат од 28 до 41 степен. Во недела претежно сончево со локална облачност и топло со максимални температури од 27 до 40 степени. Во попладневните и вечерните часови услови за локални врнежи од дожд во северните, северозападните и североисточните предели.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34966