Изминатиот период се работи на реконструкцијата на паркинг-просторот кој се наоѓа веднаш до Тутунскиот комбинат на улица „11-ти Октомври“.
Израмнето е земјиштето со што се нивелирани шахтите, нанесен е нов асфалтен слој а се очекува во нареден период да бидат обележани и паркинг местата. И на оваа локација ќе биде поставена куќичка и ЈП „Градски паркинг“ ќе почне да го наплаќа паркирањето.
Паркиралиштето има капацитет од 134 паркинг места на 3 283 квадратни метри. За реконструкција на ова паркиралиште, потрошени се близу 4 милиони денари.