Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34786

Големо свлечиште во Булачани - до попладне ќе се санира

$
0
0

Свлечиштето во село Булачани, кое настана како резултат на невремето што го зафати скопскиот регион, според проценките, се очекува да се санира попладне.

На терен работи механизација, како и припадници на полицијата и војската.

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков денеска го информираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој беше во обиколка на теренот, дека во Булачани, Црешево и Смилковци се распоредени и работат околу 300 припадници на МВР и оти во текот на утрешниот ден половина од нив ќе може да се дислоцираат во другите населени места каде што е потребно, како што се Инџиково, Економија и Сингелиќ.

Жителите на Булачани побараа да се зголемат цистерните со вода или набавката со флаширана вода, а исто така и да се обезбедат комбиња со кои ќе може да се превезуваат до своите работни места.

Во ова населено место во тек се и активностите за решавање на проблемот со струјата која ја нема во дел од домовите во селото.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34786

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>