Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34726

ФОТО: Се модернизира паркот „Жена борец"

$
0
0

Деновиве во тек е реконструкција на паркот „Жена Борец“ кај Градскиот трговски центар во главниот град.

„Во наредниот период ќе се врши реконструкција на пешачките патеки во паркот, ќе се постави ново осветлување, ќе се реконструира зеленилото, а на крај ќе биде поставена и нова урбана опрема. Градежните работи на терен ги извршува фирмата 'Урбан инвест'од Кавадарци“, најавија градските власти. 

Според склучениот договор со изведувачот, за реконструкцијата ќе се потрошат околу 330.000 евра. Во документот кој беше објавен пролетва, стоеше дека ќе се врши одржување, односно реконструкција на партерното уредување и осветлување на паркот, а ќе се подновело и зеленилото.

Ќе имало комплетна нова урбана опрема. Извесно е дека новите клупи и канти, како и канделабрите ќе бидат стилски, налик на оние што во изминативе две години се поставија на плоштадот и околината. 

Ова е прва поголема реконструкција на паркот откако е изграден. Во изминативе години паркот го подновуваа и одржуваа наизменично и Општина Центар и Град Скопје. Пред неколку години, на товар на Општината се санираа плочките и беше засадено ново зеленило. Градот, пак, ги подновуваше тротоарите. Генерално, се реконструираше по потреба и делумно.

Фото: Фактор

 


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34726

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>