Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all 34906 articles
Browse latest View live

Фото: Тешка сообраќајка во Скопје - повреден мотоциклист

$
0
0

Тешка сообраќајка несреќа се случи попладнево во Скопје, на булеварот “Митрополит Теодосиј Гологанов“, во близина поранешниот комплекс „Алумина“. Во неа учествуваа моторно возило „Опел Астра“ и мотоцикл.

Причина за сообраќајната незгода е непочитува не првеноство во сообраќајот, а според во сообраќајната незгода со полесни повреди се здобил возачот на мотицклот.

По сообраќајна несреќа на социјалните мрежи се отвори дискусија за тоа колку оваа улица е безбедна и дали на ова место потребно е сообраќајот да се регулира со кружен тек или семафор.

Фото: Ѕид на сообраќаен срам
 


Илија Најдоски нов технички директор на Вардар

$
0
0

Легендата на македонскиот фудбал и поранешен член на Вардар, Илија Најдовски се враќа во таборот на црвено-црните.

Најдовски по пауза од 29 години, односно неговото заминување како игра во 1998 година, повторно сега ќе биде дел од најтрофејниот македонски фудбалски колектив.

По доаѓањето на Дарко Панчев за спортски директор, а потоа и именувањето на Чедомир Јаневски за тренер, Најдовски е новиот „повратник“ во тимот со кој своевремено станаа шампиони во СФР Југославија во 1987 година.

Презентацијата на Најдоски е закажана на прес-конференција закажана за утре.

А вечерва Најдовски заедно со останатите актуелни функционери на Вардар, како и поранешни членови и симпатизери на црвено-црните, на Националната арена „Филип Втори“, ќе го следат историскиот прв меч во групната фаза во Лигата на Европа, против рускиот Зент.

 

Маж нападнал момче на мотор на Партизанска и му го повредил рамото

$
0
0

Расправија на пешачки премин на булеварот Партизански одреди кај Архитектонскиот факултет резултираше со повикување Брза помош.

Од порталот Либертас пишуваат дека според изјавите на очевидците, повозрасниот маж го нападнал момчето на мотор и го турнал, по што момчето се здобило со повреда на рамото.

Со возило на Брза помош веднаш било пренесено во болница. 

Причините за расправијата сѐ уште не се познати.

Се апелира до граѓаните да внимаваат кога купуваат преку интернет

$
0
0

Се апелира до граѓаните на зголемена внимателност при купувањето  преку интернет.  Во последно време се јавуваат голем број потрошувачи со најразлични проблеми при купувањето на производи преку социјалните мрежи или интернет продавници.

Треба да се внимава дали веб продавницата ги исполнува законските услови да продава производи или услуги преку интернет, односно дали е јасно наведено која фирма го продава производот или услугата, кое е седиштето на фирмата, каде може да се врати производот, дали има телефонски број за контакт и дали има објавено формулар за враќање на производ каков што е предвиден со Законот за заштита на потрошувачите.

Потрошувачите, особено треба да внимаваат при купувањето на производот да им биде врачена фискална сметка или друг валиден документ согласно закон, кој го издава трговецот кој го продава и испраќа производот, а не доставувачот.

Потрошувачите кои ќе купат производ без притоа да ги проверат овие информации и без да им биде врачен валиден документ за купопродажба, се доведуваат во ризик да не можат да ги остварат своите потрошувачки права. Во изминатиот период многу често се случуваше одредени интернет продавници иако преставени на македонски јазик и кирилско писмо, да бидат регистрирани надвор од територијата на Република Македонија, па поради тоа Државниот пазарен инспекторат како надлежен орган во случаи за интернет купување на производи и услуги да нема надлежност, а потрошувачите да не можат да ги оставарат своите права .

Во изминатиот период на социјалните мрежи се појавија голем број реклами на интернет продавници кои нудат услуги или производи на потрошувачите, најчесто со цени што се значително помали од цените на таквите производи кои се наоѓаат во малопродажните маркети, a производот или услугата изгледаат подостапни преку интернет и најверојатно од тие причини потрошувачите се решаваат да ги купат тие производи по пат на интернет.

Потрошувачите се пожалиле дека производите не наликуваат на тоа што е прикажано на сликата, или пак се жалат дека им пристигнал производ во друга боја, големина или изглед, добиле сосема друг производ, добиле оштетен производ итн. Потоа дека при купувањето на производите тие добиле само испратница од сервисот за брза испорака, но не и фискална сметка или друг вид на потврда согласно закон. Дополнително правото на потрошувачите да се премислат во рок од 14 дена не може да се оствари поради тоа што потрошувачите немаат никаква информација за испраќачот/трговецот, освен e-пошта поставена на веб страна/профил на социјална мрежа, на која што најчесто никој не одговара.

Поднесени осум кандидатури за градоначалник на Скопје

$
0
0

До Општинската изборна комисија на Град Скопје до синоќа на полноќ се поднесени осум кандидатури за градоначалник и девет листи за советници за претстојните Локални избори 2017. Листите треба да бидат потврдени од ОИК во рок од 48 часа по поднесувањето односно до утре на полноќ.

Кандидат за градоначалник на Скопје на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е актуелниот Коце Трајановски, а на коалицијата предводена од СДСМ е Петре Шилегов.

Кандидат на Левица е Марија Јонес, на ТМРО Ванчо Шехтански, на ДПА Беким Фазлиу, на Беса Нафије Селмани, на Алијанса на Албанците Наим Бајрами и на НДМ Ѓорѓи Тодоров.

Советнички листи поднеле коалициите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, ТМРО, ДУИ, ДПА, Беса, Алијанса на Албанците и НДМ.

Самсоненко: Вардар ќе гради нов стадион

$
0
0

Сопственикот на ФК Вардар, Сергеј Самсоненко на денешната прес-конференција на клубот ги обелодени најавите дека Вардар ќе гради нов стадион, односно дека бара земјиште за истото.

Значи, конечно во иднина Вардар ќе може да настапува на 100% свој стадион.

Досега Вардарци често пати поради нејасни причини мораа да ги одигруваат натпреварите во населбите Ѓорче Петров и Маџари.

Останува да видиме дали новиот стадион ќе биде во населбата Карпош или на друго место.

Насилници искршиле автобус на ЈСП на Бит пазар

$
0
0

Група од десет насилници искршиле стакло на автобус на ЈСП со број 50 додека се движел по булеварот пред Бит пазар. Во инцидентот нема повредени.

Според информациите на МВР, синоќа во 00.46 часот во полиција било пријавено дека на булевар Крсте Мисирков, пред поликлиника „Бит пазар“, од страна на околу 10 непознати лица со тврд предмет било оштетено стакло од автобус на Јавно сообраќајно претпријатие (ЈСП) со број 50 кој сообраќа на релација Државна болница – населба Хиподром.

По оштетувањето не биле пријавени повредени лица. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Македонските родители некогаш и сега – реална слика за стилот на родителството

$
0
0

Да бидеш родител е најголемата привилегија во животот. Светот се врти околу твоите деца, сега тие се на прв план, а вие сте некаде после нив, ако воопшто и имате време за вас.

Секој родител сака најдобро за своето дете. Секој родител се мачи, гради, доградува, се бори, се докажува, за своето дете има се најдобро, и еден ден да изразне во вистински човек, со цели во животот и стремење кон остварување на истите.

Но, со текот на времето како се менуваат многу работи во општеството каде живееме, се менуваат и родителите. Многу пати сме биле сведоци како постарите ќе кажат дека родителите денеска не се исти како родителите од порано, но и дека децата не тие што биле некогаш. Денеска едноставно животот е друг. Сите одиме напред и гледаме кон нешто поубаво.

Стилот на родителството се менуваше изминатите децении, а изгледа дека најголемата разлика е забележана во изминатите 30 години, а оваа слика е еден голем пример, одблиску да видиме како беше некогаш, а како сега. 


Македонија викендов во алертна фаза: Почитувајте ги препораките!

$
0
0

Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на викендот што следува, територијата на целата држава ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза.

За таа цел, Министерството за здравство апелира до граѓаните за посебно внимавање за своето здравје, особено заради температурните осцилации во изминатиот период.

Исто така, потребно е да се избегнува директна сончева изложеност, како и почитување на општите мерки за заштита на здравјето.

 

ВМРО-ДПМНЕ ги соопшти последните 10 кандидати за градоначалници

$
0
0

ВМРО-ДПМНЕ денеска ги соопшти последните 10 кандидати за градоначалници.

За Центар –Дејан Јовановски

За Могила-Стевче Пивковски

За Илинден-Жика Стојановски

За Македонски Брод- Милосим Војнески

За Лозово -Јордан Илиовски

За Делчево- Иван Соколов

За Берово- Никола Атанасов

За Теарце -Војо Гоговски

За Кичево- Влатко Сајковски

За Зелениково -Александар Манев

Крвава тепачка во Стајковци

$
0
0

Околу 01.00 часот после полноќ во Полициската станица Гази Баба, Д.С. (49) од с.Стајковци, пријавил дека околу 20 часот на ул. „1“ во с.Стајковци, додека излегувал од дворот со неговото патничко возило „Голф“  со скопски регистарски ознаки, од задната стана го удрило патничко возило „Мазда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од непознато лице.

Двајцата почнале да се договараат како да ја решат незгодата. По некое време, лицето имало телефонски разговор, а набргу потоа пристигнало патничко возило „Џип“ со скопски регистарски ознаки.

Од возилото излегле две непознати лица и физички го нападнале Д.С., удирајќи го во пределот на главата. Д.С. паднал, се удрил во тротоарот, паднал во безсознание. Подоцна со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница „8-ми Септември“  каде му биле констатирани телесни повреди и по укажаната  помош бил пуштен на домашно лекување.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 

Детска ликовна колонија на Водно

$
0
0

Под покровителство на Општина Карпош, во организација на  Детскиот ликовен центар, денеска започна единаесеттата Меѓународна детска ликовна колонија „Св. Пантелејмон - 2017".

Ученици од десетте основни училишта од општина Карпош, заедно со своите врсници од трите збратимени општини, Травник, Тиват и Нов Белград, ќе имаат можност на платно да ја пренесат својата инспирација од манастирски комплекс „Св. Пантелејмон"во Горно Нерези и „Македонско село".

На дводневната ликовна колонија, како што соопштија од општина Карпош, учествуваат 30 основци кои во акрилна и комбинирана акварелна техника ќе ги изразат своите уметнички импресии од околните историски и традиционални куќи.

Утре попладне на учесниците ќе им бидат доделени благодарници како награда за нивното учество на единаесеттата детска ликовна колонија „Св. Пантелејмон - 2017", а ликовните дела ќе бидат изложени до наредната среда 20 септември во просториите на Детскиот ликовен центар во Кинотека на Македонија.

Ова се сите кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата

$
0
0

ВМРО-ДПМНЕ и „Коалицијата за Подобра Македонија“ ги предложија следните кандидати за градоначалници:

За град Скопје кандидат за градоначалник е Коце Трајановски

За општина Струмица кандидат за градоначалник е Марјан Бајрактаров

За општина Велес кандидат за градоначалник е Славчо Чадиев

За општина Куманово кандидат за градоначалник е Зоран Ѓорѓиевски

За општина Петровец кандидат за градоначалник е Борче Митевски

За општина Кривогаштани кандидат за градоначалник е Тони Заткоски

За општина Прилеп кандидат за градоначалник е Марјан Ристески

За општина Новаци кандидат за градоначалник е Лазар Котевски

За општина Вевчани кандидат за градоначалник е Цветомир Угриновски

За општина Радовиш кандидат за градоначалник е Сашко Николов

За општина Ѓорче Петров кандидат за градоначалник е Владо Мисајловски

За општина Брвеница кандидат за градоначалник е Стојан Тодоровски

За општина Демир Капија кандидат за градоначалник е Трајче Димитриев

За општина Гостивар кандидат за градоначалник е Дафина Стојановска

За општина Тетово кандидат за градоначалник е Горан Манојловски

За општина Аеродром кандидат за градоначалник е Ивица Конески

За општина Валандово кандидат за градоначалник е Николче Чурлиновски

За општина Гази Баба кандидат за градоначалник е Тони Трајковски

За општина Росоман кандидат за градоначалник е Стојанче Лазов

За општина Дебар кандидат за градоначалник е Драган Клопчевски

За општина Босилово кандидат за градоначалник е Љупчо Колев

За општина Чешиново – Облешево кандидат за градоначалник е Горан Зашов

За општина Свети Николе кандидат за градоначалник е Зоран Тасев

За општина Виница кандидат за градоначалник е Мартин Павлов

За општина Битола кандидат за градоначалник е Зоран Илиоски

За општина Бутел кандидат за градоначалник е Дарко Костовски

За општина Ново Село кандидат за градоначалник е Блажо Велков

За општина Василево кандидат за градоначалник е Ванчо Стојанов

За општина Чашка кандидат за градоначалник е Зоран Здравески

За општина Јегуновце кандидат за градоначалник е Тони Коцески

За општина Карбинци кандидат за градоначалник е Зоран Минов

За општина Конче кандидат за градоначалник е Благој Јованов

За општина Пехчево кандидат за градоначалник е Игор Поповски

За општина Пробиштип кандидат за градоначалник е Тони Тонески

За општина Ресен кандидат за градоначалник е Ѓоко Стрезовски

За општина Зелениково кандидат за градоначалник е Александар Маневски

За општина Штип кандидат за градоначалник е Илчо Захариев

За општина Чаир кандидат за градоначалник е Нермин Теловска

За општина Градско кандидат за градоначалник е Жанета Чаушевска

За општина Охрид кандидат за градоначалник е Митко Тилев

За општина Зрновце кандидат за градоначалник е Блаже Станков

За општина Кочани кандидат за градоначалник е Ратко Димитровски

За општина Крива Паланка кандидат за градоначалник е Арсенчо Алексовски

За општина Гевгелија кандидат за градоначалник е Иван Франгов

За општина Демир Хисар кандидат за градоначалник е Љупчо Блажевски

За општина Ранковце кандидат за градоначалник е Роберт Симоновски

За општина Кисела Вода кандидат за градоначалник е Јохан Тарчуловски

За општина Струга кандидат за градоначалник е Сеад Солаковски

За општина Дојран кандидат за градоначалник е Борче Стамов

За општина Македонска Каменица кандидат за градоначалник е Дарко Митевски

За општина Сопиште кандидат за градоначалник е Стевче Трпковски

За општина Богданци кандидат за градоначалник е Никола Роглев

За општина Маврово Ростуше кандидат за градоначалник е Алим Билали

За општина Долнени кандидат за градоначалник е Пецо Вајгалевски

За општина Кавадарци кандидат за градоначалник е Митко Јанчев

За општина Неготино кандидат за градоначалник е Златко Пејков

За општина Крушево кандидат за градоначалник е Ѓорги Дамчески

За општина Дебарца кандидат за градоначалник е Игор Трајковски

За општина Центар кандидат за градоначалник е Дејан Јовановски

За општина Могила кандидат за градоначалник е Стевче Пивковски

За општина Илинден кандидат за градоначалник е Жика Стојановски

За општина Македонски Брод кандидат за градоначалник е Милосим Војнески

За општина Лозово кандидат за градоначалник е Јордан Илиевски

За општина Делчево кандидат за градоначалник е Иван Соколов

За општина Берово кандидат за градоначалник е Никола Атанасов

За општина Теарце кандидат за градоначалник е Војо Гогоски

За општина Кичево кандидат за градоначалник е Влатко Сајкоски.

Во сите погоре наведени општини, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе поднесат свои листи за советници. Од ВМРО-ДПМНЕ информираат и дека ќе ги подржат следните кандидати за градоначалници:

Во општина Старо Нагоричане кандидатот за градоначалник од редовите на ДПСМ, Елена Јакимовиќ

Во општина Карпош кандидатот за градоначалник од редовите на ГРОМ, Стевчо Јакимовски

Во општина Кратово кандидатот за градоначалник од редовите на СПМ, Мите Андоновски

Во општина Чучер Сандево независниот кандидат за градоначалник Јован Пејковски.

 

Доделени стипендии на 500 млади талентирани спортисти

$
0
0

Спортот како потреба на секоја земја има доминантно место во интересите на државите, особено има големо влијание врз секојдневието на младите во насока кон правилен психофизички развој, како и превенција на младиот човек од зависностите и другите социо - патолошки појави.

Грижејќи се за нивниот статус во општествениот и спортскиот живот, како темел за идно развивање на младиот човек,  Агенцијата за млади и спорт додели стипендии на 500 млади талентирани спортисти до 20 години, со цел талентираните спортисти да продолжат во процесот на градење на професионалниот лик како и во делот на создавање идни репрезентативци, кои во иднина ќе ги бранат боите на државата.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски изјави дека стипендистите се објавени во новиот број на ,,Службен Весник”, а документот е достапен и на веб страната на Агенцијата за млади и спорт. 

– Сакаме да испратиме јасна порака до младите дека државата се грижи за нив и за нивниот спортски развој. Стимулот на младите од овој тип значи многу, особено ако се знае дека со овие средства може да подмират дел од своите трошоци во текот на спортувањето.Токму стипендијата во износ од околу 4.500 денари месечно која младите спортисти ќе ја примаат во наредните 10 месеци, ќе им  овозможи подостоинствен тренажен процес, а ние како Агенција за млади и спорт работиме на дополнителна поддршка на младинските категории во спортот.

 

Во Автокоманда ќе се одржи 26. Државен натпревар по прва помош

$
0
0

Под  мотото „Несреќи во домовите“ денеска на плоштадот во населбата Автокоманда ќе се одржи 26. Државен натпревар по прва помош, во организација на Црвениот крст на Република Македонија.

На натпреварот  е најавено учество на 23 екипи од општинските организации на Црвениот крст на РМ.

На отворањето на натпреварот е најавено обраќање на претседателот на Црвениот крст Ромел Велев и градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски.


Водњанци најбогати, аеродромци костумосани: Да се знае кој е кој во Скопје

$
0
0

Категории на хипстери, туристи, парајлии, луѓе што носат костуми (suits), студенти и академски граѓани (uni) и нормални (normies) од типот жена, деца, куче, маче....се прикажани на новата мапа на градови, каде луѓето се поделени според тоа каква категорија луѓе доминираат во нив.

За Скопје да не се чудите што резултатите се малку поинакви од она што го знаете за маалата. Според ова мапа испаѓа дека аеродромци се костумосани, водњанци се најбогати, а од  Карпош 1 и 2 нормални. 

Линк до МАПАТА.

Градот Скопје и годинава ќе ја одбележи Европската недела на мобилноста 2017

$
0
0

Градот Скопје и годинава ќе ја одбележи Европската недела на мобилноста 2017 и за граѓаните ќе понуди низа активности посветени на алтернативното и одржливо движење.

Од денеска до 22 септември Градот Скопје ќе организира разновидна програма за сите граѓани, од најмладите до највозрасните, како и за јавниот и приватниот сектор.

Како што информираат од Градот Скопје, во овие седум дена ќе бидат претставени многубројни активности и проекти што се поврзани со одржливата мобилност, а со кои ќе се испрати силна порака за користење на алтернативните видови транспорт. Граѓаните ќе имаат можност да се едуцираат, да спортуваат, да се натпреваруваат, да разменуваат позитивни искуства и да учествуваат на трибини и форуми посветени на одржливиот транспортен систем.

Европската недела на мобилноста 2017 ќе заврши на 22 септември, на Денот без автомобили, со големо велосипедско дефиле што ќе се вози на градските улици.

Градот Скопје ја реализира Европската недела на мобилност 2017 во соработка со невладините организации Македонски Зелен Центар, Прв до Врв, Здружение на инженери за животна средина, Гоу грин, Еко свест и Милиеуконтакт Македонија Институт за обука Коцка, како и со Делегацијата на Европската унија во нашата земја и Министерството за животна средина и просторно планирање.

Оваа година, тема на Европската недела на мобилност е „Споделувањето те движи напред", а ќе учествуваат над 2.280 градови од Европа.

 

Старо Скопје: Во кафеана на една ракија, аловина, боза и салеп

$
0
0

Најсакани пијалаци на старите скопјани биле сода-вода, лимонада, газоза, клакер, боза, салеп, кафе, чај, пиво, вино и ракија.

Сода и лимонада  се произведувале во претпријатието “Вардар” на Д. Поповиќ и Ј. Младеновиќ, во лимонадџилниците на Методи Х. Зафировиќ на Кејот на Војводата Путник и на Петар Зафировиќ како и во лимонадџилницата на Ѓурковиќ во Маџир маало.

Виното се добивало со алкохолно вриење на грозјето од домашни винови лози. На скопската софра секогаш било присутно бело, црно или розе-црвено, ружица или рујно вино. 

Вино се пиело и како превентивно средство против болести. Се сметало дека виното ја подобрува работата на органите за варење. Пиењето вино за време на ручек и вечера претставувало секојдневна пракса. 

Скопските фамилии, според традицијата, секоја есен сами приготвувале вино и ракија за зимскиот период, кога најмногу се конзумирало вино.

Во Скопје постоеле неколку винарско-ракиџиски работилници за производство на алкохолни пијалаци. 

Од алкохолните пијалаци најмногу се користела ракија. Природната ракија се добивала со дестилација на превриени овошни плодови и сокови. За таа цел се користеле сливи, круши, праски, вишни, цреши, јаболки, смокви и др.

Ракијата секогаш го носела името на она овошје од кое  била направена -сливовица, кајсиова, праскова (спаѓа во деликатесните ракии), вишновка, јаболкова, крушкова и мешана (со мешање на разно овошје), комовица (од комиња на грозје) и сл.

Специјалните природни ракии се добивале од природна ракија, ароматизирана со додатоци од растително потекло, како што се разни плодови, ароматични и лековити растенија или етерски масла, екстракти врз  база на природни дестилати и сл. 

Меѓу специјалните ракии познати се анасонката, мастиката и др. Од специјалните ракии од странство се увезувале рум, виски, џин, вотка, текила итн.

Ракијата се пиела со верување дека таа дава “кувет” и ја прочистува крвта на човекот. Пиењето обично било со мезење. 

Најсакан пијалак било пивото, слаб алкохолен пијалок со 2,5 - 4% на алкохол. Основни суровини за негово производство се јачменот, хмелот и водата.

Најголем производител на пиво во градот била Парната пивара. Пиварата  Бирарија била изградена околу 70-тите год. на 19 век во маалото Бирарија.

Слични напитоци на пивото кои за одредени народи претставувале традиција,  а кои многу се пиеле во Скопје, биле бозата и салепот. Бозата и салепот како турски национални пијалаци, станале омилени и кај македонското население.

Бозата се добивала со алкохолно вриење на просеано пченкарно брашно со додаток на брезов сок. Бозата во својот состав содржи 1-2% алкохол и 10 % екстракти. 

Бозата  и салепот ги пиеле побогатите граѓани, додека посиромашните ретко ги пиеле овие ориентални пијалаци. 

Под поимот боза се подразбира освежителен пијалак од пченкарно брашно,  односно поткиселен пијалак приготвен од превриено брашно од просо или од пченка.   За боза се смета и густ, кисел пијалак од жито, пченка, ориз и вода. 

Посебен вид на алкохолен пијалак било домашното пиво “аловина”. Тоа се приготвувало со киснење и набубрување на јачмен или овес, потоа се сушело и се мелело за да се добие брашно. Од добиеното брашно се замесувало тесто со студена вода и се ставало на дното на некој сад. Врз него се поставувал вжарен камен и веднаш потоа садот се полнел со врела вода, по што доаѓало до вриење, односно  ферментација. Така се добивал жолтеникав пијалак со вкус на денешното пиво. 

Зборот салеп има значење на  растение, ботанички Orchis,  вид растение со грутчиња на коренот, потоа пијалок од растението салеп , салеп како исушени компири (грутчиња) на растението Orchis, од кои се прави напиток, а се употребува  како лек. 

Во периодот меѓу двете светски војни постоеле улични продавачи на боза и салеп.

Скопје не бил голем потрошувач на пијалаци. Алкохолните и безалкохолните пијалаци најмногу се консумирале за време на верски празници, на домашни слави, свадби, веридби, крштевки, родендени, но  и  секојдневно.

Скопје од поинаков агол: Како се пуштале маџармаалските мангупи на девојките и како се „шизело“ на игранките (ВИДЕО)

$
0
0

Повозрасните скопјани сигурно со симпатии се сеќаваат на старо Скопје пред земјотресот.

Во овој подзаборавен краток документарен филм низ снимки и фотографии е претставен животот во Скопје од малку поинаков агол односно како се пуштале маџармаалските мангупи на скопските девојки, како се „шизело“ и се играло танго, како се забавувале младите во градот и низа други моменти од скопското секојдневие.  

Сергеј Самсоненко: Јас го сакам Вардар и нема да заминам од Македонија

$
0
0

Откако пред еден месец Сергеј Самсоненко ја шокираше јавноста дека се повлекува од сите три клуба кои ги финансира, вчера изјави дека се пишмани и дека останува и во добро и во зло.

Самсоненко на 11 август се обрати со соопштение дека е длабоко вознемирен од сето она што го прочитал во медиумите и на социјалните мрежи за него и дека се повлекува комплетно од Вардар, но денеска најави дека се предомислува. Изјава која беше проследена со аплауз во прес центар на ФК Вардар.

„Ми се собра до срце, па со жешка глава кажав дека заминувам. Не сакав да си одам од Вардар и сакам да им порачам на сите добри луѓе да не верувате во невистините кои ги пишуваат за мене. На тие што пишуваат, сакам да им порачам дека немаат ни срам ни совест. Вас ве сметам за предавници зошто не сум направил ништо лошо за оваа држава, која ја засакав како своја и направив само добри работи. Тоа што го направивте е дно“.

„Јас не сакав да заминам и нема да заминам од Вардар. Ќе останам и во добро и во лошо, ќе дадам сè од себе и ќе помогнам на сите клубови“, додаде Самсоненко.

 

Viewing all 34906 articles
Browse latest View live


<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>