Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34756

Црна хроника: Скопјани „оперирале“ во Охрид, брачен пар ограбен додека шетале по улица

$
0
0

Пар преживеа вистински хорор во Скопје

Вчера околу 21:30 часот во Скопје, на улица „Самоилова“, додека Ф.Р. се шетал со неговата сопруга Ф.П., четири непознати лица им извршиле разбојништво.

Сторителите биле со автомобил „Голф“ со непознати регистарски ознаки, и со закана со нож и со удар со тупаница во пределот на лицето, им одзеле женска ташна во која имало паричник со 8.000 евра, златен ланец и три златни лири, а од Ф.Р. одзеле машки паричник во кој имало 200 евра и 5000 денари, златен ланец кој го носел околу вратот и мобилен телефон.

 

Скопјани краделе во Охрид: Насилно влегувале и одземале разни предмети

СВР Охрид поднесе кривична пријава против против Е.Д.(21), С.К.(21) и против две други малолетни лица, сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени шест кривични дела „тешка кражба“.

Пријавените ги извршиле делата во периодот од 11 до 15 август годинава во повеќе деловни објекти во Охрид. Истите со употреба на подесен алат насилно влегувале во објектите и одземале разни предмети.

На тој начин истите предизвикале материјална штета и се стекнале со противправна имотна корист од 46.000 денари.

СВР Охрид изврши претрес во собите каде што престојувале пријавените и пронајде дел од алатот користен во извршувањето на тешките кражби.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34756

Trending Articles