И покрај тоа што се трудиме да бидеме добри, фини и културни, понекогаш знаеме да се однесуваме малку чудно. Како и да е, како и да се однесуваме, секогаш ќе има луѓе кои ќе ги нервираме, но овие 8 начини кои ќе ги прочитате подолу можеби предизвикуваат да ги нервирате пријателите, а вие и да не сте свесни за тоа.
Опседнати сте со самите себе
Многу луѓе не се свесни дека се однесуваат на овој начин. Некој човек почнува да зборува за тоа што го мачи и одеднаш разговорот завршува за вас и вашиот живот. Немојте да паѓате во замката на „јас“! Навистина е супер и треба да ги споделувате сопствените искуства, но понекогаш треба да ги оставите и другите да бидат во центар на внимание. Не може секогаш да настапувате од „јас, јас, јас, види ме мене“ позиција.
Премногу се фокусирате на надворешниот изглед
Секако дека и надворешниот изглед е важен, но фокусирањето единствено на нечиј изглед додека игнорирате се останато е многу непривлечна навика. Човек е тешко да се промени одвнатре, но може да работи на тоа да биде подобар и подлабок човек.
Имате преголем натпреварувачки дух
Не е се во животот натпревар. Убаво е тоа што сакате да бидете најдобри во се, но претераниот натпреварувачки дух навистина понекогаш оди на нерви. Ако на пример некој ви сподели вест дека се искачил на некоја планина откако со години се плашел од височини, а вие одговорите со: „Е добро де, јас три пати до сега се имам искачено“, тоа значи дека време е да кренете кочница. Така правите другата личност да се чувствува лошо, а истовремено и го крадете и моментот. Честитајте и на другата личност за тоа што направила голем чекор напред, наместо да се фалите и со тоа да и го омаловажувате успехот.
Се прашувате зошто сака некој да биде ваш пријател
Вашите пријатели се ваши пријатели затоа што ве сакаат. Постојаното прашување зошто некој сака да биде ваш пријател или зошто ве толерираат само создава нетрпеливост и нервоза. Дури и најтрпеливите луѓе имаат граници. Кога се сомневате во пријателството, погледнете во себе и сфатете дека вие не се сомневате во вашите пријатели, туку во себе
Се обидувате да го контролирате пријателството
Секоја здрава врска подразбира еднаквост и искреност. Имањето потполна контрола врз секоја одлука и имањето потреба да ја имате контролата на целото пријателство е иритирачко во најмала рака. Прашувајте ги другите што сакаат да прават или како се чувствуваат наместо да им кажувате што да прават и како да се чувствуваат. Така ќе сфатите дека повеќето луѓе ќе уживаат во вашето друштво кога не се обидувате да држите се под контрола.
Лажете
Никој не сака да го лажат. Иако сите подлажнуваат одвреме-навреме, сепак важно е во основа да бидете искрени кон луѓето, во спротивно ќе почнете да ги нервирате.
Нељубезни сте или злобни
Сите луѓе се соочуваат со работи кои не сакаат да ги прават. Тоа не значи дека треба да мрчите за се или да давате злобни забелешки. Особено не да навредувате нечиј избор на музика или филм. Тоа ќе ги оттуѓи луѓето од вас. Имајте малку попозитивен став кон изборите на другите луѓе.
Луѓето чувствуваат дека не можат да се потпрат на вас
Ако постојано ги разочарувате луѓето, треба да знаете дека тоа прави огромна штета на пријателството. Кога некому е потребна вашата помош и вие им ветувате дека ќе им помогнете, тие би требало да можат да веруваат во вашите зборови и да се потпрат на вас. Ако постојано ги кршите ветувањата, тие ќе ја изгубат довербата во вас.