Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34886

Писмо до сите оние коишто се уште не ја пронашле љубовта...

$
0
0

Прочитајте го ова ако се чувствувате осамени и без љубов. Прочитајте го ова додека навечер седите и ги анализирате сите детали од вашиот живот, особено ако ја анализирате љубовта и се прашувате дали некогаш ќе пронајдете љубов.

Прочитајте го ова како  утеха, знаејќи дека некако, некаде, некој се чувствува исто како вас.

Отворам Фејсбук да видам што има ново и гледам уште една пријателка се верила. Моето срце е пресреќно за неа, бидејќи знам дека таа и нејзиниот свршеник премногу се сакаат и многу ми е драго што ќе стапат во брак.

Неколку денови подоцна, повторно гледам уште пријателка како се верила. Неа не ја познавам толку добро, па затоа и не можам да знам дали навистина се сакаат. Но, таа сепак делува навистина среќно. Таа сигурно е среќна што има некој што е тука за неа, некој што ја сака можеби и повеќе отколку што таа го сака него. Можеби тоа е и доволно.

Тоа ме натера да размислувам за сопствениот живот.

Кога човек е сам подолго време, едноставно се навикнува на тоа. Се навикнувате на идејата дека повеќето сами луѓе делат слични искуства. На пример, одите на свадба и кога започнува првиот танц, ве фаќа некое меланхолично чувство обоено со тага, бидејќи вие немате со кого да застанете на тој подиум, додека ги гледате другите парови како среќно танцуваат на љубовната песна. Од друга страна, има денови кога уживате во сопственото друштво, излегувате сами, седнувате сами на ручек и едноставно навистина сте среќни што сте сами.

Но, луѓето што се сами имаат и сопствени грижи. Речиси секој човек што е сам подолго време размислува за тоа уште колку долго ќе остане сам. Не поради тоа што не можат да живеат без врска или дека врската е нивна највисока цел во животот, туку едноставно поради тоа што ниеден човек не може да негира дека страствената љубов го збогатува животот на човекот.

Генерално, како општество, ги дефинираме самците како силни луѓе, а сепак некои ја потценуваат оваа сила. Вистината е дека навистина е потребна сила, особено за оние кои одбиваат да го променат својот статус затоа што чекаат да се појави вистинската личност и магичната љубов, сонот кој знаеме дека не може да им се оствари на сите. 

Тоа е како подарок кој не’ одбира нас и затоа сакам да им се обратам на сите силни, сами луѓе кои се надеваат на вистинска љубов:

Вие не сте сами во ова, некој исто како вас се надева дека ќе пронајде личност која ќе го цени. Некој, некаде, исто така чека некоја личност која сака да зборува за своите омилени книги. Тие сакаат да дебатираат и да го истражуваат умот на другата личност. Тие посакуваат да откријат живот со друга личност и да откријат некој кој ќе прави и најобичните работи да изгледаат необично.

Некој, некаде, се уште се надева дека само затоа што љубовта уште не се појавила, не значи дека љубовта не постои. Некој, некаде, се уште чека.

Ако мислите дека си го губите времето чекајќи да дојде непознатото (како воопшто и да знаеме што може да донесе иднината), тогаш одберете го познатото, ако мислите дека изгледа посигурно, одберете ги оние кои ве сакаат, наместо оние коишто вие ги сакате. 

Но, ако се уште ги имате фантазиите за љубовта и некако се уште не сте ја изгубиле вербата во неа:

Чекајте, бидете сами уште некое време и мудро одберете ја личноста со којашто ќе патувате низ животот заедно. Изберете некого со кого ќе сакате да остарите, човек со кого сакате да ги воспитувате вашите деца, некој кого можеби нема да го сакате како што сте замислувале, но ќе го обожавате на посебен начин.

Изберете некого чија добрина ќе направи да го сакате и без да забележите.

Јас не сакам да се премислам. Јас не сакам да престанам да верувам дека еден ден ќе пронајдам некој кој ќе ме сака онака како што заслужувам да бидам сакана.

И иако често се шегувам со моите пријателки, велејќи дека никој нема да не сака, сепак се уште верувам дека ако не денес, некој ден, некој ќе не сака. Некој ден ќе имаме малку среќа и ќе најдеме некој кој ќе ни го подари своето срце.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34886

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>