Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34726

Што би мислеле за себе кога не би имало кој да ви суди?

$
0
0

Колку време и напор, колку енергија вложувате на размислување и грижа што другите мислат за вас?

Нивото до кое им дозволуваме на другите да не дефинираат, може да биде сериозна пречка за развојот и одржувањето на здравата перцепција за самите себе.

Повеќето луѓе имаат добра замисла за тоа кои се или барем веруваат дека можат да бидат тоа што го замислиле. Таа замисла ги содржи информациите за нашата расна и етничка историја, верско и духовно воспитување, нашите различни општествени улоги и чувството на лична вредност и самопочитување. Исто така, се тоа што нам ни се рефлектира од нашите односи, зедница и околината во којашто живееме, ни помага во формирање на дефиниција за себе.

Меѓутоа, кога постои нерамнотежа помеѓу самосвеста и рефлектираната перцепција за нас и кога повеќе се потпираме на тоа што другите го мислат за нас отколку на тоа што мислиме самите за себе, ние тргнуваме по пат кој може да не одведе до нестабилна самосвест и парализирачка анксиознот. Овој вид емоционално пореметување е длабоко внатрешна. Тоа  е дел од нашата приказна за нас која во поголемиот дел од времето нема никаква допирна точка со реалноста.

Колку повеќе им дозволуваме на другите да ја диктираат нашата свест за нас самите, толку повеќе ја трошиме нашата сила и стануваме помалку димензионални. На пример, не е невообичаено да се мислиме околу промената на работата или купувањето на нешто, доколку некој наш близок изрази сомневање околу тоа. Здравото преиспитување треба да биде над сомневањето во самите себе, затоа што со нашата грижа за тоа што некој друг ќе мисли за нашата одлука и за нас, и дозволуваме на другата личност да го поткопа нашето чувство за себе и чувството за реалност и со тоа ја диктира нашата самосвест. На крајот, на тој начин се крши и нашиот интегритет. Тоа ниво на дисфункција чест се одразува во динамиката на различните зависности од другите и нашето поставување граници. 

Клучот за одржување на рамнотежа помеѓу самосвест и рефлектираните перцепции е навистина едноставен. Не треба лично да ги сфаќаме туѓите мислења. Треба да се прифати идејата дека секој има право на свое мислење, но дека тоа мислење и исклучиво нивно и дека се работи за нешто што би можело да не информира, но не и да ни влијае на нашиот живот. Тоа може да ни даде неверојатна слобода.

Еднаш кога ќе се ослоодиме од врзаноста за тиранијата на туѓите мислења, ќе сфатиме дека многу пречки кои самите сме си ги создале, едноставно ќе изгубат смисла. Колку повеќе се освестуваме и ја откриваме нашата добрина и убавина, толку посилни стануваме, а животот ни станува побогат.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34726

Trending Articles