Сите обврски на работа и проблемите дома прават нашиот живот да изгледа навистина напорен и тежок. Сепак, многумина велат дека најтешкиот дел од нивното секојдневие е контактот со најразлични луѓе и нивното влијание врз нив.
За да можете да го поминете денот како што треба, треба да се опкружите со овие луѓе:
Некритичниот слушател
Ова е личноста која нема да ве критикува, а која има високо изразен степен на емпатија. Ова е личноста која е совршена за моментите кога ви е потребно да си ја олесните душата. Без оглед на тоа дали сте во право, оваа личност ќе ве сослуша и ќе ве потсети дека и вашите чувства и мислења се важни. Оваа личност може да биде ваш цимер, најдобар другар, родител, парнер или кој било кој покажува трпение и сочувство кон вас.
Брутално искрениот советник
Оваа личност е тотално спротивна од претходната. Тоа може да биде вашиот партнер или роднина или било која личност во која имате доверба за да си ја отворите душата, а да знаете дека од таа личност можете да ја добиете само суровата вистина.
Ментор
Кога ќе се спомне ментор обично помислуваме на некој постар, но тоа не мора да биде така. Менторот треба да биде некој кој знае многу за животот или бизнисот, или барем знае повеќе од вас. Тоа е некој кој ќе биде ваш пример и модел според кој ќе се обликувате.
Тренер
Ова е личност која ќе ве предизвикува. Ова е најчесто некој од вашите пријатели, но може да биде и роднина или познаник кој ќе биде ваша позитивна конкуренција во животот и на тој начин ќе го извлекува најдоброто од вас.
Пријател надвор од работата
Повеќето луѓе највеќе време поминуваат со колегите-другари од работа или работното опкружување. Тоа најчесто се луѓето од канцеларија или од истата зграда во која работите. ТОа не е секогаш добро. Потребни ви се луѓе со кои нема да зборувате за работа. Ви треба некој со кого ќе заборавите на секојдневните проблеми и ќе излезете од маѓепсаниот круг. Овој пријател е добар за да ве потсети дека постои живот и надвор од работата.