Сигурно познавате некои парови кои совршено изгледале и изгледале како да се родени еден за друг. Па дури и тие мислеле така, додека со времето не сфатиле дека ги делат суштински работи.
Она што на времето изгледало совршено, со текот на времето почнува да се распаѓа. Експертот за врски Лодро Ринзлер наведува 6 најчести причини поради кои и оние навидум најсреќни парови се разделуваат.
Имате различни вредности
Иако во друштво можеби изгледа дека совршено функционирате, тоа не мора да значи и дека е така позади затворени врати. Доколку едната личност повеќе ја вреднува својата работа од врската или едниот од двајцата сака да основа семејство, а другата личност не, тогаш вие сте на тежок пат. Вредностите кои ги имате во својот живот мора да се поклопуваат во најважните делови за да можете да опстанете. Кога сте во сериозна врска, најдобро би било уште од самиот почеток да разговарате за овие работи за да сфатите каде точно се наоѓате и за да избегнете повредување од било која страна.
Присутна е нова форма на стрес
Доколку сакате да бидете во врска со некого, морате да имате волја да стоите до него кога работите ќе станат непријатни во некоја смисла. И ако некој пар е заедно со години и прошол низ различни тестови за јачината на врската, некоја изненадна околност како губење работа или некој друг поголем проблем, може да предизвика нова форма на стрес.
Тогаш настанува ситуација кога едната личност престанува да биде сигурна дека може да го издржи тој притисок. Знак за добра врска е стоење рамо до рамо, особено кога животот ќе приреди некое непријатно изненадување. Колку поотворено можете да зборувате еден со друг, толку е поголема веројатноста дека ќе ги надминете тие проблеми.
Се наоѓате на различни животни патишта
Да, вашата врска е сјајна, водите сметка еден за друг, но тоа не значи дека ги посакувате истите работи. Доколку се наоѓате на различни животни патишта, вие морате да најдете начин да зборувате за тоа и тоа со целосна почит за желбите на другиот, со цел да најдете некое компромисно решение. Доколку вие имате цели и обврски поврзани со целите, а тој има премногу слободно време и нема разбирање за вашите обврски – морате да најдете компромис. Или доколку едниот сака да го пропатува светот, а другиот сака веднаш брак, морате да најдете компромис. Доколку најдете компромис, супер, доколку не...
Исчезнала довербата
Недостатокот на доверба е главниот убиец на секоја врска. Доколку дојде до изневеување, многу е тешко да се вратите во времето пред да се случи тоа. Обновувањето на довербата е многу деликатна и комплицирана работа. Доколку навистина ви значи - обидете се, но доколку сфаќате дека е подобро да раскинете, тогаш најдобро е да го направите тоа.
Имате различни животни стилови
Ова е можеби и еден од најголемите причини зошто врските се распаѓаат. Различните вкусови за музика, филм, храна, излегувања, трошење пари, патувања и уште многу други работи можат да бидат клучни причини за раскинување. Вие сте личност којашто сака чаша вино на свирка, тој го сака главното сепаре во некој клуб. Тој сака одмор во хотел со 5 ѕвезди, вие во некое мало апартманче на море.
Вие не сакате да се гледате секој ден, а тој се лути кога нема да се видите. Овие разлики на почеток не изгледаат страшно и се трудите да имате отворен ум, меѓутоа со време, вашата индивидуалност почнува се буни пред тоа што не и одговара. Доколку имате поинаков начин на живот, разговарајте одвреме-навреме и потрудете се и двете страни да бидат испочитувани.
Едноставно тоа не е вистинската личност за вас
Понекогаш едната личност во врската се буди и сфаќа дека лежи покрај некој што е супер, но дека едноставно тоа не е личноста којашто ја посакуваат покрај себе. Тоа што вашата врска е цврста, тоа не значи дека сте во врска со вистинската личност. Морате да сфатите дали вашиот партнер е некој со кого се гледате во иднина или не. Кога ќе сфатите дека не е, тоа е многу тешко, но подобро е да го прифатите тоа што побрзо отколку да го повредите кога ќе биде предоцна.
Постои некој кој ќе ве сака, цени и мисли дека сте прави. Со отворена и искрена комуникација треба да се соочите еден со друг и ќе имате шанси да го поминете животот заедно.