На Интернет се шири снимка од грозоморен момент во кој возач на камион налетува на автомобил и при тоа ги убива мајката и нејзините три деца. До несреќата дошло бидејќи возачот на камионот менувал песни на телефонот и не гледал каде вози, пишуваат британските медиуми.
Снимката на возачот кој менувал музика е покажана на семејството на жртвите во судницата, а возачот – Пољакот Томас Крокер – осуден е на 10 години затворска казна поради усмртување на Трејси, Џош и Ејтан Хоутон и мајката Ејми Голдсмит.
На снимката се гледа како Крокер пребарува по телефонот неколку секунди пред сударот. Во другиот момент го зграбчува воланот со двете раце, но тогаш е предоцна – камионот се забива во колоната возила која е запрена на патот.
Ја признал вината
Крокер признал дека е виновен и ја преземал одговорноста за несовесно управување моторно возило (камион) и усмртување на жртвите.
Семејството и пријателите на жртвите се собрале во судницата, а дел од нив се расплакале во моментот кога е пуштена снимката.
Снимката погледнете ја во продолжение во целост.