Дел од корисниците од населбата Радишани и жителите од скопските селата Смиљковци, Црешево и Виниче утре од 8:25 до 15 часот ќе бидат без струја.
Без електрична енергија во периодот од 8:30 до 11 часот утре ќе останат објектот на поликлиника Чаир, дел од корисниците од Старата скопска чаршија и хотел „Арка“ во општина Чаир.
Во периодот од 9 до 12 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата Кочо Рацин блок 9 – помеѓу градинката и маркетот „Тинекс“ во општина Центар.
Од 9 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата Манчу Матак“ број 13 и 33 во општина Ѓорче Петров, а од 12 до 15 часот корисниците од булеварот Трета македонска бригада во општина Аеродром, дел од селото Сарај и ТЦ Омер Компани во општина Сарај.
Корисниците од улицата Ернест Телман, општина Аеродром, во периодот од 12:30 до 15:30 ќе бидат без струја.
Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради инвестиции во електромрежата.