Овие четири хороскопски знаци ги следи среќа на полето на љубовта тековниов месец:
Бик
Сè до 21-ви ноември 2016-та година, љубовниот живот на Биковите ќе им биде на прво место. Нивната главна грижа ќе бидат партнерите и односот. За жал, во одредени моменти ќе мора да одберат дали ќе им веруваат на очите или на срцето. Саканата личност ќе оствари успех од кој и вие ќе имате индиректна корист. На еден или друг начин, во текот на октомври можно е да се помешаат љубовните и професионални интереси.
Близнаци
Очекувајте подобрување на љубовните врски во текот на ноември 2016-та. Очекувајте многу емоции, но и сериозност. Овој период од вас побарува подлабоко поврзување. Во последните две декади од месецот можете да очекувате важни случувања, одлуки, остварувања и пронаоѓање на решенија на проблемите кои долго време ве мачат. Ќе мора да пребродите одредени проблеми и да замижите ако сакате да стигнете до каде што сакате. Но, овој ноември ќе успеете.
Терезија
Ноември е прилично возбудлив месец за Терезиите. Страствениот Марс е на ваша страна од 9-ти ноември, па потребна е само мала искра за да се вивне пламенот од љубов и страсти. А, тој пламен може да ве однесе во неочекувани правци. Истражете ги. Ве очекува динамичен период кој е одличен за почнување долги врски, но и за обновување на старите премолчени страсти.
Јарец
Во првите две декади од ноември очекувајте страствени понуди. Жешките авантури се и тоа како можни во периодот до 20-ти ноември и може да се случат нагло, неочекувано, и тоа значи дека нема да потраат. Истовремено ќе имате моќни искуства, интензивни расправи и ситни инциденти. По 12-ти ноември може малку да се смирите. Кон крајот на месецот може да почнете поемотивни врски доколку имате желба. Вашата моќ за заведување ќе биде очигледна овој месец.