Дали некогаш сте се прашале: зошто да не ги мијам рацете сосе прстените, така ќе го исчистам и накитот?
„Кога ги миеме рацете сосе прстените, дозволуваме водата и сапунот да се соберат меѓу нив и кожата на рацете, што е плодна почва за развој на бактерии‟, вели д-р Ангела Васало, директорка на центарот за инфективни болести во Сент Џонс Хелт Центарво Санта Моника.
Покрај тоа, на овој начин го штитите и накитот од уништување. Експертите препорачуваат еднаш неделно прстените да ги исчистите со сува и мека крпа, со тоа да посветите големо внимание на нерамнините на накитот. Потоа, накитот ставете го во УВ-стерилизатор за отстранување бактерии, а можете да користите и домашни рецепти за чистење.