Со новиот проект на Сергеј Самсоненко младите ќе имаат можност да вежбаат во соодветни услови за професионален тенис, а овој спорт во Македонија ќе се искачи на повисоко нив. Спортскиот тениски центар ќе се гради покрај кејот на реката Вардар во Општина Аеродром, по урнек на рускиот и германскиот „Tennispark“.
„Tennispark - Badenweiler“ во Германија содржи 9 тениски терени – 6 отворени и 3 затворени, изградени според светски АТП стандарди и сертифицирани од тениската асоцијација. Во склоп на „Tennispark - Badenweiler“ има мини хотел и кафе бар.
Комплексот „Tennispark – Rostov on Don“ се состои од 10 тениски терени, детска тениска школа и ресторан. Изграден е во 2011 година, исполнувајќи ги меѓународните стандарди и конкурирајќи им на водечките меѓународни клубови. Школата за тенис „Tennispark – Rostov on Don“ е создадена за развој на таленти и создавање нови тениски ѕвезди.
Интернационалниот бренд од пред 2 години е присутен и во Македонија како „Тенниспарк Скопје“. Со градењето на новиот Спортски тениски центар во Општина Аеродром, ТК „Тенниспарк Скопје“ ќе го зголеми својот капацитет за нови членови. На професионалните тенисери но и на рекреативците ќе им бидат на располагање осум тениски терени и компатибилни содржини, со услови за одржување на меѓународни натпревари. Проектот е јавно приватно партнерство со инвестиција од околу два милиона евра.