Градинките и училиштата се места каде што децата треба и мора да одат.
Познато е дека децата во првите пет, односно шест години имаат послаб имунитет (дел од имунитетот што се нарекува TH 1 одговор на имуниот систем). Децата заради послабиот имунитет имаат почесто појава на инфекции. Она што е типично за овој период од животот е дека кај 90% од случаите се вирусни инфекции. Децата во принцип 85-90% од тие што ги посетуваат амбулантите имаат вирусни инфекции и не треба да примаат антибиотици“. Ова го вели во интервју за pharmanewsд-р Александар Сајковски, специјалист по педијатрија – неонатолог од клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Градинките се места каде децата постигнуваат одличен психолошки раст и развој, добиваат општествено важни навики и едноставно се адаптираат на животот во надворешната средина, се осамостојуваат. Така што, тие се екстремно значајни и многу важни за развојот на психата, телесниот развој и целокупниот развој на детето.
Напуштањето на градинките заради постоење на потенцијална опасност од чести инфекции, апсолутно нема никаква логика особено што постојат методи и техники што ние со одредени имуномодулатори можеме да го стимулираме имунитетот на децата. Јас лично во сите разговори со родителите општо, па и со медиумите, секогаш го потенцирам значењето на градинките како место за правилен развој на децата, додава Сајковски.