Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34726

Домашни багети

$
0
0

Состојки:

200 г брашно

200 мл топла вода (околу 25 степени)

прстофат квасец (свеж или сув)

400 г брашно

200 мл топла вода

25 г свеж квасец

15 г сол

1 кафена лажичка шеќер

Подготовка:

1.Во подлабок сад измешајте 200 г брашно со 200 мл вода и прстофат квасец и оставете го да отстои најмалку 12 часа, а најдобро преќу ноќ на собна температура.

2.Откако смесата ќе отстои, додадете ги и сите други состојки и замесете меко и мазно тесто. Оставете го да расте се додека не се зголеми најмалку два пати (40 -60 минути во зависност од температурата).

3.Откако тестото ќе нарасне, поделете го на четири еднакви делови. Од нив формирајте топчиња и оставете ги повторно да нараснат.

4.Откако ќе нараснат топчињата, едно по едно сплескајте ги со раце во малку подебела кора, а потоа превиткајте ги три пати за да добиете правоаголник со големина 35 на 7-8 см. Повторете ја истата постапка уште еднаш.

5.На крајот, спојте ги долгите страни на правоаголникот и залепете ги една со друга, а потоа превртете ги за залепениот дел да дојде одоздола. Ваквиот начин на формирање е важен за да се задржи формата на багетот.

6.Наредете ги врз кујнска крпа, но внимавајте меѓу багетите да има дел од крпата, за да не се залепат. Покријте ги со друга крпа и повторно оставете ги да пораснат уште 20-тина минути.

7.Загрејте ја рерната на 200 степени, заедно со тавчето во кое ќе ги печете багетите. Во плиток метален сад кој ќе го поставите на дното од рерната при печењето ставете околу 100 мл зовриена вода. Потребно е багетите да се печат во пареа за да имаат поубава кора.

8.Кога рерната ќе се загрее, извадете го тавчето, наредете ги багетите еден до друг, но внимавајте да ги допирате што е можно помалку. Со жилет направете коси засеци по должината на лепчињата.

9.Ставете го тавчето и металниот сад во рерната, а ако имате обична прскалка за вода, испрскајте дополнително вода во рерната и затворете ја што побрзо за да не излезе пареата. Намалете ја температурата на 180 и печете околу 20 минути.

10.Откако багетите ќе почнат да добиваат боја, отворете ја рерната да излезе вишокот пареа и извадете го металниот сад. Печете уште 5-10 минути, но со подотворена рерна (заглавете ја вратата со дрвена лажица) додека кората не стане златеста.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34726

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>