Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34866

ПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА НАБАВКА: Електрични автобуси низ улиците во Скопје

$
0
0

Почна постапката за набавка на 50 електрични автобуси. Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСП) објави покана за изразување интерес за учество во меѓународен повик за доделување договор за нивната набавка. Kако што пишува во повикот, набавката е дел од проектите за подобрување на заштитата на животната средина и со цел да се обезбеди подобар и поефикасен јавен градски превоз.

Станува збор за набавка на 20 електрични зглобни автобуси што имаат капацитет за најмалку 150 патници и 30 електрични минибуси.

Претпријатието ги поканува сите заинтересирани страни да ги достават понудите за изразување интерес. Во нив треба да е вклучен и краток опис на активностите на компанијата, особено да се наведе видот на автобуси што ги произведува и нивната компатибилност со предметот на оваа
објава. Треба да се наведат и моделите за финансирање, односно обезбедување на средства од фондовите, од грантови, кредити итн. Понудите за изразување интерес треба да се достават до ЈСП „Скопје“ најдоцна до 18 декември.

Од претпријатието велат дека во соработка со Градот Скопје и Владата планираат на почетокот на 2017 година да спроведат меѓународна постапка за набавка на 50 електроавтобуси и полначи така што ќе објавата јавен оглас за доделување договор.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34866

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>