Во непосредна близина на спортскиот центар Јане Сандански во скопската населба Аеродром наскоро треба да почне изградбата на нов модерен мултифункционален комплекс, дознава Скопје Инфо.
Според нашите информации комплексот ќе содржи затворени и отворени спортски терени, игротека, кафуле... Идејата не инвеститорите е да биде место кое што ќе понуди услуги за спорт, забава и релаксација на сите возрасни групи.
Според информациите до кои дојде Скопје Инфо комплексот ќе се гради како резултат на јавно-приватно партнерство помеѓу рускиот инвеститор Сергеј Самсоненко и општината Аеродром.
Во моментов се подготвува документацијата и теренот и наскоро официјално треба да биде означен почетокот на градбата.