Сигурно сте забележале дека водата која сте ја оставиле да преноќи во чаша покрај креветот за да можете да се напиете наредното утро, има различен вкус.
Некои тоа ќе го препишат на поспаноста како и ПХ-вредноста во устата и ќе сметаат дека промената не е вистинска. Меѓутоа, водата навистина го менува вкусто, доколку преноќи во чаша. Добрата вест е дека и покрај промената, водата е и понатаму во нормална состојба.
Промената на вкусот доаѓа поради својството на водата да апсорбира јаглерод-диоксид од воздухот, кој во текот на ноќта, односно мал дел од него се претвора во карбонска киселина. Понатаму, оваа киселина со понатамошно стоење губи еден или два протони, па така настанува карбонат или бикарбонат.
Во споменатиот процес доаѓа до намалување на ПХ-вредноста на водата, која станува благо кисела, што е главна причина за различниот вкус. Ваквата вода не е штетна, меѓутоа, ако стоела во чаша подолго од една вечер, постои голема можност во неа да се развијат бактерии, па таквата вода и не е баш здрава за пиење.