„Изминатава 2016 година посветено работевме на значајни проекти за напредокот на нашата општина, проекти што значат одговор на потребите и барањата на жителите на Аеродром, проекти за подобрување на условите за живот. Аеродром е општина, која реализираше веројатно најголем број проекти во 2016 година во Република Македонија“, изјави градоначалникот Коневски и ги најави најзначајните проекти предвидени во Буџетот за 2017, каде акцент е ставен на инфраструктурата.
Во наредната 2017 година во Буџетот испланиравме средства за да градиме и да создаваме што е можно повеќе за жителите на Аеродром:
Стар Аеродром
- Изградба на целосна комунална инфраструктура и асфалтирање на улицата „Пандил Шишков“
- Изградба на целосна комунална инфраструктура и асфалтирање на улицата „Коста Новаковиќ“
- Изградба на три нови улици во Индустриска зона (4, 6 и 8)
Мичурин
- Изградба на нова улица
Долно Лисиче
- Изградба на атмосферска канализација
Јане Сандански
- Изградба на тениски центар „Скопје“
Ново Лисиче
- Изградба на нова детска градинка во Ново Лисиче
Урбанизам
- Менување фасади на 10 згради (во урбаниот дел на Општината)
Во соработка со Град Скопје:
1. Проширување и реконструкција на булеварите „Трета македонска бригада“, „АСНОМ“, „Србија“ и „Февруарски поход“
2. Изработка на проект за булеварот „АСНОМ“ на делот во Керамидница до новата сала
3. Изградба и реконструкција на улицата Васко Карангелевски
4. Изградба и реконструкција на атмосферска канализација во Долно Лисиче
Како што може да се види, најзначајните проекти предвидени за 2017 година во Општина Аеродром се однесуваат на подобрување на инфраструктурата, образованието и спортот. Со реализација на сите овие проекти во 2017 година, како што рече градоначалникот Коневски, Аеродром ќе остане најдобрата општина во Република Македонија и најпосакувано место за живеење.
Инаку, позначајни капитални инвестиции во Општина Аеродром во 2016 година беа повеќе проекти, меѓу кои:
Мичурин
- Изградба на две нови улици:
„Анастас Митрев 1“ и
„Венијамин Мачуковски 3“
Стар Аеродром
- Изградба на целосна комунална инфраструктура и асфалтирање на улицата „Руди Чајавец“
- Изградба на новопроектирана улица меѓу новите згради во локалитетот Индустриска зона во должина од 500 метри
- Изградени нови тротоари во должина од 1,5 километар
- Поставено ново осветлување во должна од 3.500 метри
Јане Сандански
- Изградба на пристапна улица покрај реката Вардар од СЦ „Јане Сандански“ до булевар „Србија“ во должина од еден километар
- Изградба на нови 200 паркинг-места на новата улица
- Поставено ново осветлување во должна од 4.000 метри
- Изградени нови тротоари во должина од 2 километри
- Изградба на нова детска градинка „Штркче“ со капацитет за 250 дечиња
Ново Лисиче
- Изградба на нова улица 8 покрај новите згради на булеварот „Февруарски поход“ во должина од 170 метри
- Нови 930 паркинг-места меѓу зградите
- Изградени нови пешачки патеки покрај булеварот „Февруарски поход“
- Поставено ново осветлување во должна од 9.200 метри
- Пуштен во употреба нов парк од 10 хектари покрај кејот на реката Вардар, втор по големина во Градот Скопје
- Нарачан проект за нова детска градинка „Буба Мара“
Населба Лисиче
- Реконструкција на улицата „Гаврил Константиновиќ“ како продолжение на булеварот „12-та Македонска бригада“ во должина од 150 метри
- Пуштено во употреба ново повеќенаменско спортско игралиште
- Нарачан проект за нова детска градинка „Пчелка 1“
- Реконструирани тротоари во должина од 360 метри
Горно Лисиче
- Пуштена во употреба реконструираната улица „Горно Лисиче“ во должина од 1,7 километри
- Целосна реконструкција на улицата „Ѓорѓи Капчев“ во должина од еден и пол километар
- Изградени нови три моста на Усјанскиот канал
- Поставена хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација на улиците „Тодор Чангов“ и „Горно Лисиче“
- Осветлување во должина од 750 метри
- Реконструирани тротоари во должина од 3 километри
- Изградба на првата детска градинка во Горно Лисиче „Лавче“ со капацитет за 100 дечиња
Образование
- Училишна облека за сите ученици од основните училишта
- Посета на најдобрите ученици на настава во Лондон
Животна средина
- Насадени 25.000 нови дрвца и уште толку во претстојниот период кога ќе се подобрат временските услови
Култура
- Трет меѓународен фестивал на комедијата „Гола месечина“
Урбанизам
- Склучен договор за изработка на проекти за реконструкција на фасади за 18 згради
Хуманитарна помош
- Донација како помош за поплавените во Гази Баба
Во соработка со Град Скопје:
- Изградба на нова фекална канализација покрај булеварот „Видое Смилевски Бато“ во должина од 800 метри
- Продолжување на булеварот АСНОМ кон Горно Лисиче во должина од 430 метри
- Нови велосипедски патеки покрај булеварите „Јане Сандански“ и „Кузман Јосифовски Питу“
- Проширување на булеварот „Трета македонска бригада“