Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34746

Кои фотографии привлекуваат најголемо внимание?

$
0
0

Дали понекогаш гледате слики на Фејсбук и превртувате очи кога ќе видите слики на кои личноста е фатена во момент со раширени раце и насмеано лице додека скока во воздух? Е па според новите истражувања, овие луѓе знаат што прават.

Истражувањето било фокусирано на фотографиите кои луѓето кои поставувале на страни за наоѓање партнер. Како најатрактивни биле оценети фотографиите на кои луѓето ги шират рацете и нозете. Од друга страна, седењето со прекрстени нозе и раце воопшто не се препорачува.

Научниците велат дека првата поза укажува на отвореност и доминантност, што е многу важно за онлајн комуницирањето кога немаме доволно време да се посветиме на анализирањето на профилот, туку се задржуваме на оние кои на прв поглед ни го привлекуваат вниманието.

Ако сакате да бидете успешни во запознавањето во виртуелниот свет, постојат уште неколку интересни факти како на пример дека корисниците на Тиндер се најактивни во периодот од 21 и 22 часот. Жените највеќе паѓаат на пилоти и пожарникари, додека пак мажите највеќе ги привлекуваат физиотерапевтки и дизајнерки на ентериер.

Интересен е и фактот дека веројатноста да му се допаднете на вашиот потенцијален партнер е поголема доколку му се допаднала и личноста која ја видел пред да ве види вас.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34746

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>