Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34726

Колку чини животот во Скопје?

$
0
0

Според сајтот Нумбео, кој се бави со анализи на цените на добра, транспорт, енергенси и генерално води статистика за цената на живеење на различни делови од планетата, поседува детални информации и за Градот Скопје. Податоците се темелат на истражување спроведено во изминатите 12 месеци на 135 испитаници, кои внеле вкупно 2139 податоци по прашање цени за најразлични услуги. Па така, според Нумбео, просечната потрошувачка за едно лице, со средни трошоци за пристоен живот изнесува 386.18€ или 24.395 денари. Тоа би значело дека за четиричлено семејство со истите трошоци, а без сметката за кирија изнесува 1.314,14€, односно 80. 929 денари.

Деталите за тоа како е дојдено до оваа бројка, како и просечните цени на услуги, кои патем се точни, можете да ги погледнете на нивниот веб-сајт. Според овие податоци, животот во Скопје е поефтин од оној во Њу Јорк за 63,43%. Според одделните цени на производи, Македонија и Скопје се на врвот на листата во конкуренција каде истите можат да се најдат најефтино. За споредба, цената на јајца во 2012 изнесувала 76 денари, што е најниско во регионот, или пак кутија цигари „Малборо“ може да се купи за помалку пари само во Украина.

Интересната анализа која ја спровел овој веб-сајт, станува уште поинтересна ако се земе в предвид дека според ММФ(Светска Банка) и други релевантни изори вклучувајќи ја и Државниот завод за статистика, просечната плата во Македонија, па со самото тоа и во Скопје, за изминатите 12 месеци изнесува од прилика 22 илјади денари.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34726

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>