Викендов, веројатно во ноќта сабота кон недела, крадец ограбил два верски објекти во Драчево, одземајќи помалку од 5 000 денари.
Прва на удар била црквата „Лазарово Воскресение“ која се наоѓа на патот за Китка, каде разбојникот успеал насилно да отвори еден од прозорците и да влезе во просторијата каде се продаваат свеќи. Од таму крадецот одзел 2 000 денари. Според полицијата, потоа, тој се упатил кон манастирот „Преполовение Руса Среда“ кој се наоѓа во месноста Пеленица. На истиот начин од таму крадецот успеал да одземе 2 600 денари.