Сообраќајна несреќа се случи вечерва во центарот на Скопје. Засега нема информација за повредени лица.
На раскрсницата помеѓу булеварот Митрополит Гологанов и булеварот Св. Климент Охридски, вечерва се случи сообраќајна несреќа кога автомобил откако изгубил контрола и излетал од патот, удрил во жардињера, јави Сител.
Полицијата е на местото на незгодата и увидот е во тек, а засега нема информации за повредени лица.