На возраст од 105 години, францускиот аматерски велосипедист Роберт Марканд е повитален и од повеќето луѓе на 50-годишна возраст.
Многу луѓе за прв пат слушнаа за Роберт пред неколку месеци, кога тој постави светски рекорд во едночасовно возење велосипед, настан каде една личност се обидува да извози колку километри повеќе во рок од 60 минути, на внатрешен статичен велосипед. Тој успеа да извози 14 километри, поставувајќи светски рекорд во оваа област. Интересно е тоа што никој на негова возраст не се ни обидел да проба да вози велосипед, за да постави било каков рекорд.
Роберт Марканд е роден во 1911 година, а тој веќе постави еден рекорд во 2012 година кога имаше 100 години. Подготвките за неговото поставување на рекордот беа забележани од Вероника Билат, професор на универзитет Еври Вал Десон во Франција, која во својата лабораторија ги проучува и тренира многу професионалци и рекративци во спортот.
Таа е особено заинтересирана за програмата за вежбање на Марканд, особено бидејќи според научните докази, VO2 кој претставува мерка за тоа колку човековото тело користи кислород почнува да се намалува откако човекот ќе наполни 50 години, дури и кога личноста редовно вежба.
Но, 105-годишниот Французин е вистинско чудо, бидејќи тој не ни вежбал премногу во текот на својот живот бидејќи бил возач на камион, градинар, пожарникар, но по своето пензионирање тој почнал да вози велосипед во домашни услови или пак надвор на улиците во делот на Париз каде живее.
Но, др. Билат воспоставила нов режим за вежбање за него, според кој 80 % од вежбите биле со лесен интензитет. Останатиот дел од неговите вежби тој ги изведѕва со силен/тежок интензитет. Марканд ја спроведувал ваквата програма цели 2 години, по што се обидел и успеал да го постигне светскиот рекорд. Тоа значид ека според др. Билат, секоја личност може да го подобри својот VO2 максимум на секоја возраст.
Сепак, кај овој 105 годишен Французин и гените имаат свое влијание, бидејќи со нивна помош тој живее 100 години, но и да успева да вежба на тој начин како што вежба. Др. Билат додава дека големо влијание има и начинот на живот, бидејќи Роберт е многу социјална и оптимистична личност. Таа дополнува дека големиот круг на пријатели придонесува за подобар и подолг и посреќен живот.
Секако, големо влијание има и начинот на исхрана, бидејќи храната која тој ја конзумира е едноставна и вклучува јогурт, супа, француско сирење, пилешко и чаша црвено вино за време на вечерата.