Едно лице се здобило со тешки телесни повреди во една од вкупно 15 сообраќајни несреќи што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје.
Во 10 полесно се повредени 10 лица, а во четири е причинета материјална штета.
Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени се поголем број на прекршоци. Од нивна страна издадени се 17 прекршочни платни налози и 38 мандатни платни налози за сторени прекршоци од областа на сообраќајот.