Цело соседство на улицата Павле Ичиќ бр.6 си приредија Ифтар во дворот пред зграда.
Албанци, Македонци, Турци, Бошњаци... Чаир е општината која отсекогаш била и е пример за меѓусебно почитување и соживот. Овде муслиманите одат за Божиќ и за Велигден кај православните на гости, а православните на баклава кај муслиманите за нивните два најголеми празници. Ифтар е вечерниот оброк во текот на исламскиот месец Рамазан, односно оброкот кој се зема после зајдисонце.
Со Ифтарот се завршува денот на постот и се обавува по завршување на вечерната молитва.
Фото: Фејсбук групата „Чаирска романтика"