На 10.јуни (сабота), со почеток во 9 часот, во рамките на Skopje Street Festival кој ќе се случува под отворено небо во Градскиот Парк на 9. и 10.Јуни, здружението „Уметност на живеење- Македонија“ организира и повикува на YogaChallenge и на едно масовно и креативно будење за супер урбана средина.
Докажано е дека редовното практикување на јога го подобрува расположението и самодовербата. Оваа дисиплина е совршен избор за секого, а пак практикувањето на јога во природа ослободува од континуиран стрес и нездрави навики. „Полнењето на батериите“ е загарантирано со редовните утрински вежби.
Токму затоа оваа година Skopje Street Festival грижејќи се за здравите навики на луѓето подготви 5 подиуми: стрит бол, денс, графити, музички и едукативен, овозможувајќи дел од претпладневната програма да биде наменета за јога и капуера.
Yoga Challenge ќе се одржи од 9 до 11 часот во Градски парк Скопје -Школка, а од 11 часот продолжува забава со капуера. На овој настан може да се приклучат сите љубители на јогата, почетници и искусни јогини. Потребна е само простирка за вежбање (јога мат), вода, пријателче и насмевка, велат организаторите.
YogaChallenge настанот е поддржан од повеќе јога друштва во Македонија.