Во екот на Суперкупот што ќе се одржи во август Скопје, љубителите на спортот, за само две ноќевања за двајца спремни да платат и околу 5.000 евра.
На интернет резервациите се гледа дека има по едно слободно место во хотелите што нудат висока сума за сместување. Граѓаните велат дека Супер купот ќе биде добро за туризмот во земјава.
Скопје е домаќин на Суперкупот што ќе се одржи на 8. август на арената „Филип Втори“. Очекувањата се дека ќе се пречекаат најпопуларните фудбалски клубови во светот – „Манчестер Јунајтед“ и „Реал Мадрид“.
За Суперкупот имаат аплицирано за билети жители од Аргентина, Јужна Африка, Нов Зеланд и Австралија, како и од Европа.
23.000 карти за навивачите – една вреди од 15 до 38 евра. Но, пријавувањето е до 4. јули потоа, УЕФА на принципот лотарија ќе бира кој ќе добие карта за Суперкупот. Странските навивачи очигледно го прифатиле ризикот да платат висока сума во хотелите, а да извисат и да не гледаат фудбал од стадион.