Во населбата Момин Поток во општина Карпош денес беше пуштен во употреба реконструираниот Центар за логистика на Црвен крст на Македонија, по повод Светскиот ден на Црвениот крст 8 мај и Деновите на Црвениот крст на Македонија 8-15 мај.
Пред голем број граѓани и официјални претставници на Меѓународниот црвен крст, и Црвен крст на Германија, генералниот директор на Црвен крст на Република Македонија Саит Саити го покани градоначалникот на општина Карпош заедно да ја пресечат црвената лента, со што и официјално новиот објект започна да работи.
Во своето обраќање директорот Саити нагласи дека овој објект бил реконстриуиран за рекордни 105 денови, и истиот целосно ќе ги задоволува потребите на оваа институција. Тој истакна дека Центарот за логистика бил изграден со несебична помош на Меѓународниот црвен крст, Црвен крст на Германија, Шпаркасе банка и со големо залагање на градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимобвски.
По официјалното пуштање во употреба на објектот, присутните имаа можност со кратка обиколка да го разгледаат истиот, и да се запознаат со неговите инфраструктурни капацитети, соопштија од општина Карпош.