Овој италијански специјалитет одличен е во комбинација со свежа или крем салата. Може да го направите и во посна варијанта.
СОСТОЈКИ:
500 гр Екстра бело брашно тип 400 од Жито Лукс
3 мали лажици сол
2 големи лажици шеќер
1 квасец или прашок за печиво
1 шолја млеко
200 мл вода
масло за готвење
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Од состојките замесете го тестото додека не добие мазна и тркалезна форма. Оставете го во сад да нарасне околу 40 минути.
Тестото поделете го на 3 дела и формирајте топчиња. Секое топче убаво поминете го со сукало додека не стане тенко.
Врз целата површина наросете тенок слој масло за готвење, а потоа и сол, сусам и оригано.
Ставете го да се пече во загреана рерна на температура од 180 степени околу 20 минути.