Сите паркомати на аеродром ,,Александар Велики''ќе бидат реалоцирани внатре во терминалната зграда, информираат од управат на скопскиот аеродром.
Три паркомати ќе бидат на страната на ,,Пристигнувања'', до вратата ,,А'', додека една паркинг-машина на страната на ,,Заминувања''веднаш до вратата ,,C''.
Паркинг-канцеларијата која досега беше надвор од терминалната зграда на самиот паркинг, исто така ќе биде преместена внатре во терминалната зграда, веднаш до канцелариите на рент-а-кар компаниите.
Промената во организација на паркинг машините на аеродромот е со цел да се создаде подобра средина и поедноставени услуги за патниците.