Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34746

Овие симптоми откриваат дека вашето тело е полно со отрови

$
0
0

Заради неправилната исхрана и недоволната физичка активност, токсините остануваат заробени во телото и ги забавуваат неговите природни функции. Еве неколку знаци дека тоа ви се случува токму вам.

Физиолошки потреби
Честото одење во тоалет е едноставен показател дека вашето тело е полно со отрови. Сепак, ова е еден од најдобрите начини на кои отровите излегуваат од телото, инаку ќе се вратат во крвотокот и ќе предизвикаат проблеми. Затоа пијте колку што можете повеќе течности и пробиотици за да го подобрите варењето и уринарните функции.

Непријатен здив
Причина за него се бактериите во вашата уста или неможноста вашиот желудник и црниот дроб да ги обработи сите токсини. За да се ослободите од овој проблем, секој ден чистете го јазикот од насобраните слоеви.

Ви сметаат одредени мириси
Ако ви смета нечиј парфем, чад и други ароми, веројатно имате проблем со црниот дроб кој не е во состојба да ги отстрани сите токсини и затоа вашите сетила се на штрек и секој мирис може да предизвика главоболка.

Прекумерна тежина
Проблеми со хормоните, лоша исхрана и премногу токсини во крвта доведуваат до трупање масни наслаги и до прекумерна тежина. Наглото дебелеење ви зборува дека е време да го исчистите вашиот организам.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34746

Trending Articles