Уште една сообраќајна несреќа со човечка жртва во главниот град. Утринава на влезот на Катлановска бања се судриле автобус кој сообраќал од Транспортниот центар кон бањата и автомобил марка „Застава“ при што на лице место загинал возачот на автомобилот, објави Алфа.
Според информациите до кои на лице место дојде телевизија Алфа се работи за човек на околу 30 години кој во моментот на насреќата бил сам во автомобилот. Припадници на МВР и Јавен обвинител вршеја увид на местото на несреќата, а пожарникари чекаа да заврши увидот за да можат потоа да го исечат автомобилот и да го извлечат телото на загинатиот возач. Детали за тоа како дошло до оваа собраќајка со фатални последици МВР најави дека ќе соопшти подоцна.