Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34686

Сродната душа нема никаква врска со бајките!

$
0
0

Кога бев мала, верував во бајки – или барем сакав да верувам.

Сакав да бидам принцезата која ќе биде спасена и згрижена. Но, никој не ми кажа дека откако ќе биде спасена принцезата, омажена и сместена во нејзиниот замок – тоа нема да биде толку забавно.

Не е забавно да се живее на тој начин, затоа што некој, некогаш рекол дека така треба да биде.

Откако ја фрлив круната, поминав низ мојата цинична фаза. Се смеев на помислата на сродни души. Не верував во романтичните идеали, ниту во поезијата. Ги апсорбирав идеалите на луѓето околу мене и се најдов себеси како мислам дека сите сме компатибилни со неколку луѓе во нашите животи. Се се работи за тоа кого бираме да љубиме.

Од денешна гледна точка, постарата јас вели дека ова се глупости.

Постои причина зошто толку многу се пишувало за онаа „еднаш во животот“ тип на љубов – затоа што навистина постои. Дали ќе ја запознаеме или одбереме нашата сродна душа – тоа е веќе друга приказна.

Но, сродната душа постои. Го чувствувам тоа во моите коски.

И иако верувам дека овој тип на врска помеѓу двајца луѓе постои, не верувам во бајки. Не ги гледам како иста работа и мислам дека многу луѓе ги мешаат тие работи.

Љубовта која ја бараме не изгледа како тоа што треба да биде. Не е секогаш убава, ниту пак среќна. Не е тоа загуба на здравиот разум или спонтани изливи на љубов. Не значи дека некоја личност ќе прави се што сакаме да прават. И дефинитивно не е кога двајца луѓе постојано си угодуваат до степен да престанат да живеат среќно и забораваат да бидат искрени кон себеси.

Љубовта помеѓу сродните души никогаш нема да биде совршена, затоа што ако беше, ќе и недостигаше неопходната состојка за да биде таква каква што е: способноста да не’ промени.

Промената доаѓа само од нешто спротивно од нас и само сродната душа може да биде таква и да не сака и да не се обидува да не промени, но наместо тоа не испирира да се промениме внатре во себеси и да ги промениме нашите животи.

Сродната душа која ја бараме е несовршена. Таа е хаотична и проблематична, но таа е во нашите вени и без оглед на тоа колку се трудиме, не можеме да се откажеме од неа. Таа значи да бидеме будни во 2 наутро, да имаме глад кој не можеме да го задоволиме. Не се работи за тоа да се живее живот кој изгледа добро за другите, туку за живеење живот кој чувствуваме дека е прекрасен од дното на нашата душа.

Ова нема врска со бајки, затоа што ваков тип на сакање бара храброст – храброст да се напушти се она што сме замислиле дека треба да го правиме, вклучувајќи ја замислата како треба да сакаме. 

Значи да ги пуштиме идеите за тоа како двајца луѓе треба да ги живеат своите животи и наместо тоа да се посветиме на патувањето со кое двајцата ќе откријат што е добро за нив. Сродната душа е поврзана со живеење слободно на начин на којшто нема да има само простор во заедништвото, туку ќе има и флуидност. Тоа е храброста да се спротиставите на сите други и тоа со самоувереност, знаејќи дека живееме живот кој е најдобар за нас.

Да си бидете сродни души едни на други не е избор – не можеме да избереме со која личност ќе почувствуваме врска која го надминува разумот. Но, можеме да избереме какво ќе биде нашето патување со нашата сродна душа.

Понекогаш не сме подготвени за типот на љубов кој сродната душа може да го понуди. Тоа е љубов која го превртува желудникот, искрена и автентична љубов која ги откорнува нашите срца од градите. Но, истовремено е и прекрасна. 

И тоа е она што не тера да се враќаме назад по повеќе.

Сите ја имаме способноста да бираме со кого сакаме да бидеме. Понекогаш е полесно да се одбере линијата на помал отпор, но ниту една голема љубовна приказна не започнала затоа што било лесно за тие двајца луѓе да бидат заедно. Големината не може да се роди од едноставноста.

Големата љубов се раѓа од предизвиците и способноста да се надминат.

Големата љубов значи да се оди низ темнината со вербата дека ќе има љубов од другата страна. Таа е математичкиот проблем кој не може да биде решен. Таа е се што не сме знаеле дека сакаме и дека ни треба. Таа е незнаењето како приказната ќе заврши и среќата воопшто да се биде дел од неа.

Не е во верувањето во среќни краеви, затоа што бирањето сродна душа е само почетокот на патувањето.

Таа е патувањето кон љубовта и себе-откривањето кое ќе го најдеме во нашите срца и процветувањето на нашата душа без да забележиме. Таа е насмевката без причина и бакнежите во образ. Таа е љубовта која не ја чувствуваме само во срцето, туку и во душата.

Тоа е разликата.

Дали сме желни и подготвени да се откажеме од доброто и просечното и да се насочиме кон прекрасното – да избереме живот и љубов со сродна душа?


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34686

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>