Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34686

Дали ова место е најубавиот дел во Скопје?

$
0
0

Ако прашате кој било постар скопјанец за тоа кој е најубавиот дел во Скопје, речиси несомнено ќе ви каже дека тоа е Старата скопска чаршија.

Тесните улички и малите сокачиња дополнети со љубезноста на трговците и занаетчиите само го дополнуваат и така неодоливиот шарм на ова место.Чаршијата не била отсекогаш ваква каква што ја познаваме. Освен што имало дуќанчиња и занаетчии, некогаш во Старата чаршија живееле и бројни фамилии.

Сега најголем дел од луѓето одат да прошетаат низ чаршијата за да си купат некоја дреболија, но многу ретко ги забележуваат локалните жители. За тоа како е да се живее во место кое е заштитено како културно наследство и најпривлечно за туристите при нашата обиколка на чаршијата разговаравме со фамилијата Сланинкоски, едни од ретките жители на чаршијата.

 Тие се доселиле во Старата скопска чаршија во 1958 година и се уште живеат таму, иако голем дел од нивните соседи веќе се иселени.

-Чаршијата не беше отсекогаш вака. Немаше златари во тоа време. Имаше голем број кујунџии и мајстори кои рачно ги изработуваа работите. Калдрмата беше руинирана, со камења во неправилна форма и земја и беше навистина тешко да се оди во тоа време - вели Антим Сланинкоски.

Кафулиња немало се до средината на осумдесеттите. Имало неколку кафеанчиња каде што можело да се јаде чорба. Турист"и Дестан"биле и се уште се најпознати и со препознатлив белег кога се работи за прочуените чаршиски ќебапчиња и убавата храна.

- Панта", Куно"и Рандеву"се првите кафулиња кои беа отворени во чаршијава. Дојдоа во '85 година, направија мало раздвижување и веќе во '89 си отидоа. Во тој период одеднаш се појавија еден куп златарници, а истовремено замреа кујунџиството и дел од старите занаети. Останати се уште еден-двајца кои се занимаваат со тој занает. Со умирањето на комшијата Трајко умре и единствениот занает за производство на кавали, зурли и гајди - раскажува Сланинкоски.

Порано Скопје не било толку големо како сега. Не постоеле ни Ѓорче, Аеродром, Чаир бил една третина од сега, а кафулињата и рестораните биле сместени од плоштадот до Старата чаршија. Сите тие романтики и запознавања се одвивале на прочуеното корзо, каде што од една страна биле момците, а од другата страна стоеле девојките .

„Ригара"е најпозната слаткарница во чаршијата, која опстојува 36 години и е позната по својата традиција.

- Познати сме по падобранците. Сите не препознаваат по тоа, а и многу ресторани ни земаат. Намалена е побарувачката. Минатите години беше многу тешко, имавме намален промет, но сега откако се изградија многу работи, луѓето се вратија назад, има поголема раздвиженост. Сега сме поголеми оптимисти - рече Шенол.

Преку Камениот мост, па преку платото на поранешната стоковна Мост"низ уличките на чаршијата можете да прошетате и да дегустирате од производите на трговците и сето тоа проследено со музички манифестации и актерски перформанси. И странците се вратени. Оваа година видов рекорден број странски туристи во чаршијата со фотоапарати и камери во рацете, воодушевени од тоа што го гледаат, со напомена дека ќе се вратат пак - раскажува Антим.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34686

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>